Тајната на Медитеранот: Зошто Албанија треба да биде вашата следна дестинација за одмор

Со децении Медитеранот ги повторува истите безвременски дестинации - Капри, Сен Тропе, Миконос, Ибица, места каде што јахтите се поголеми од локалните рибарски чамци, а со сметките за ручек покрај морето може да се купи мало винско лозје на Балканот. Но, искусните патувачи, оние што тивко шепотат одредени имиња на вечерните забави и посакуваат да не ги следите нивните совети, веќе извесно време повторуваат едно ново име: Албанија.

Green Coast Hotel во Валона

Да, Албанија.

Сместена меѓу Грција и Црна Гора, со брег што го милува Јонското Море, Албанија со години беше „заборавената роднина“ на Јадранскиот клуб. Засенета од Хрватска, несфатена од Западна Европа и со години затворена под мрачен комунистички режим, таа беше празна точка на мапата на Медитеранот.

Еве што е привлечноста на Албанија – таа е дел од Медитеранот на кој малкумина досега обраќале внимание и токму затоа е многу интересен сега. На јужниот брег ја нуди албанската ривиера која се протега долж Јонското Море, со карпи и плажи со камчиња кои, искрено, лесно ќе ги помешате со местата во Грција или Италија. Но, тука чувството е многу поразлично. Нема масивни ресорти или блескави клубови на плажа (барем засега), а цените се многу пониски.

На пример, на плажата Palasë сега се наоѓа Green Coast Hotel, нов хотел со пет ѕвездички кој е дел од MGallery Collection. Изгледа дискретно – нежни тонови, камени подови, мал спа-центар, јога сесии покрај морето. За љубителите на авантури, тука е и параглајдингот над карпите, доказ колку ова крајбрежје се трансформира од тајна локација за туристите што патуваат со ранци во дестинација со стил. Еден ден пиете домашно приготвено ладно кафе на пластична маса на плажата, а веќе следниот уживате во коктел во стилски уреден хотелски бар, гледајќи како сонцето заоѓа зад карпите.

Она што ја прави Албанија поинаква, барем засега, е токму тоа што недостасува. Нема мега-хотели. Нема лежалки на плажа за 80 евра. Нема гужви по античките локалитети. Сѐ уште е малку „сирова“: патиштата не се најсјајни, автобусите доцнат, понекогаш мора да се прилагодите кога плановите се менуваат. Но, исто така е многу дарежлива – големи порции месо и риба на скара, локално вино и луѓе кои инсистираат да ја пробате нивната домашна ракија без оглед дали мислите дека можете да ја поднесете. Можете да шетате по плажа што изгледа како место од туристичко списание и да се најдете сосема сами, покрај неколку локалци кои пливаат на крајот од денот.

Сето ова зборува дека промените доаѓаат брзо. Меѓународниот аеродром во Валона наскоро ќе почне со работа и ќе донесе повеќе странски туристи. Веќе се појавуваат клубови на плажа долж крајбрежјето, а познатите хотелски брендови сѐ повеќе го насочуваат погледот кон овој брег. Затоа, ако сте љубопитни да го откриете неоткриениот дел од Медитеранот, со микс на отомански градови, диви планини и недопрено крајбрежје, Албанија е вредна дестинација во моментов. Колку долго ќе остане ваква, никој не може да претпостави.

Извор: Forbes

реклама

Од 11 март почнува голема финансиска среќа за еден хороскопски знак

Read more

Каде се селат богатите инвеститори по нападите во Дубаи?

Read more

Делови од Карпош денеска без струја и вода

Read more

Трамп: Иран изгуби сè што можеше да изгуби, нема потреба од копнена инвазија

Read more

Живот

Кога правиме најмногу грешки на работа?

Read more

Од 11 март почнува голема финансиска среќа за еден хороскопски знак

Read more

Една утринска навика може да покаже каков ќе ви биде денот

Read more

Што му носи денешното затемнување на Крвавата Месечина на вашиот хороскопски знак?

Read more
 

Магазин

Нутриционист советува како да го забрзате метаболизмот и полесно да слабеете

Читај повеќе

Кога правиме најмногу грешки на работа?

Читај повеќе

5 зеленчуци што го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево

Читај повеќе

Од 11 март почнува голема финансиска среќа за еден хороскопски знак

Читај повеќе

Докторка советува кои 5 суплементи треба да ги земате по 40-тата година

Читај повеќе

Една утринска навика може да покаже каков ќе ви биде денот

Читај повеќе

Нутриционисти ги разбиваат најчестите митови за протеините 

Читај повеќе
Знаци во првите шест месеци од врската што покажуваат дека ќе трае долго

Знаци во првите 6 месеци од врската што покажуваат дека ќе трае долго

Читај повеќе

Фармацевтка предупредува за честа грешка што ја правиме со земањето витамини

Читај повеќе