Тајниот син на Владимир Путин прв пат виден во јавност

По 10 години криење, синот на Владимир Путин, Иван Владимирович, за прв пат е виден во јавност.

Наводниот таен син на Владимир Путин и неговата долгогодишна партнерка, поранешната гимнастичарка и олимписка шампионка Алина Кабаjева, за прв пат е виден во јавност, пренесува опозицискиот руски Telegram канал VChK-OGPU.

Момчето, за кое се вели дека се вика Иван Владимирович Путин и има околу 10 години, досега беше целосно скриено од очите на јавноста.

На фотографијата објавена од каналот со врски со руските безбедносни структури, Иван се опишува како „најосамното момче во Русија“ кое речиси и да нема контакт со врсниците и живее под постојан надзор на дадилки, учителки и чувари. Наводно, тој има и помлад брат Владимир, кој има 4 години.

Путин никогаш јавно не ја признал својата врска со Кабајева, ниту дека имаат деца, иако за време на телевизиско гостување минатата година алудираше на „малите членови на семејството“ со кои гледа бајки.

Официјален Кремљ продолжува да го негира постоењето на нивната врска, иако независниот истражувачки центар Dossier Centre тврди дека има докази за постоење на два сина од таа врска.

Децата, како што се тврди, живеат под строг режим без контакт со други деца, се школуваат исклучиво во луксузните резиденции на Путин, под постојана заштита на службата ФСО, слично на она што некогаш го правеа руските цареви. Во образованието им помагаат гувернанти - порано од Обединетото Кралство и Нов Зеланд, а сега од Јужна Африка, поради влошените односи со Западот.

Путин е познат по строгата приватност. Еднаш изјави: „Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање“.

Тој, исто така, ги осуди „оние кои со нивните лигави носеви и еротски фантазии душкаат во туѓите животи“.

Алина Кабајева, која сега има 41 година, некогаш позирала речиси гола за магазинот Maxim, а позната е и по интригантните изјави од минатото - вклучувајќи ја и онаа кога во една ТВ емисија изјави дека го нашла „совршениот маж“, но не сакала да го открие неговиот идентитет.

Објавувањето на фотографијата на Иван доаѓа откако главниот канал VChK-OGPU неодамна беше затворен на Telegram, што се толкува како обид на Кремљ да ги потисне информациите.

Иако Dossier Centre тврди дека има слики од двете момчиња, одлучиле да не ги објавуваат од етички причини, но инсистираат дека нивниот раскошен живот е оправдано предмет на јавен интерес.

реклама

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Read more

Живот

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Read more

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Read more

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Read more

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Read more
 

Магазин

Што е микроневерство и колку е опасно?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Читај повеќе

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Читај повеќе

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Читај повеќе

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Читај повеќе

Како да ослабете со медитеранска диета? 

Читај повеќе

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали е задолжително да се истегнете пред тренинг?

Читај повеќе

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Читај повеќе