Пензионираниот американски боксер Мајк Тајсон повика на бојкот на новонајавената документарна серија за неговиот живот на стрим-платформата Hulu.
„Најавата на Hulu за снимање на неовластена мини-серија врз основа на приказната за Тајсон, без надомест, за жал, не е изненадувачка. Оваа спектакуларна најава на филм за социјалните нееднаквости во нашата земја е одличен пример за тоа како алчноста на Hulu доведе до глува културна злоупотреба на животната приказна на Тајсон. Да се прикаже ова во месецот на црнечката историја само ја потврдува загриженоста на Hulu само за долари во однос на почитувањето на правата на црнците“, напиша Тајсон на Instagram.
Автор на документарецот „Iron Mike“ (Железниот Мајк) е оскаровецот Стивен Роџерс, а извршна продуцентка е познатата глумица Марго Роби.