Македонци од Воден, Лерин и Костурско преку видео обраќање јавно му се заканија на бугарскиот политичар Красимир Каракачанов, познат го негаторските ставови кон македонскиот народ.
„Јас сум Македонец. Во Воден живеат многу Македонци, има малку Маџири (Грци бегалци од Турција, заб. на авт.) и Власи. Бугари нема. Каракачанов рече дека сме биле Бугари. Ако го сретнам ќе му е*ам мајката. Не е добредојден во Воден“, порача жител на Воден.
„Немој да одиш по градови и села, да правиш пропаганди. Од името на сите Македонци од Егејска Македонија, немој да шириш бугарска пропаганда во Егејска Македонија. Господ да го молиш да не се сретнеме“, му порача македонскиот активист од Грција, Стилиан Самарџиев.
„Каракачанов, ако се вратиш во Егејска Македонија ќе ти ги скршам нозете“, кратко порача жител на костурското село Загоричани.