Македонците и годинава ќе можат да патуваат во ЕУ како досега: Системот ЕТИАС е одложен

Системот ЕТИАС кој ќе се применува за влез во земјите од Европската Унија, повторно е одложен и ќе стартува на крајот на 2026 година, а целосната примена се очекува во април 2027 година.

Ова е трето одложување на примената на овој систем. Системот првично беше најавено дека ќе се применува од почетокот на 2022 година, а последниот датум беше мај 2025 година.

И македонските граѓани ќе треба да аплицираат за ЕТИАС за влез во земјите членки на ЕУ на краткорочна основа, под 90 дена, за туризам, деловни, транзитни или медицински цели.

Програмата ЕТИАС ќе биде во сила од четвртиот квартал од 2026 година па наваму и е наменета за проверка на патниците кои пристигнуваат од странство како одговор на глобалното зголемување на терористички активности.

Програмата ЕТИАС беше одобрена во 2016 година и ќе бидат потребни 4 години за да се развијат потребните системи кои ќе се поврзат со постојните бази на податоци за имиграција и други безбедносни податоци за да се обезбеди нова алатка за проверка низ европските земји.

Во четвртиот квартал од 2026 година, граѓаните од Македонија ќе треба да пополнат апликација ЕТИАС пред да тргнат на пат, а тоа ги вклучува и патниците кои само ќе транзитираат во ЕУ на пат до други дестинации.

Секој македонски државјанин кој сака да влезе во ЕУ повеќе од 90 дена или за други цели освен оние дозволени според програмата ЕТИАС ќе треба да аплицира за шенген виза. Дополнителни детали може да се најдат со посета на etias.com и користејќи ја проценката на почетната страница.

Се препорачува македонските граѓани да ја пополнат својата ЕТИАС апликација 96 часа пред датумот на нивното поаѓање. Целосните детали може да се најдат со посета на страницата.

Македонските граѓани можат да очекуваат нивната апликација за ЕТИАС нормално да биде обработена и одобрена во рок од неколку минути, а овластувањето ќе се испраќа по е-пошта во форма на PDF документ. Нема потреба да се печатат или презентираат какви било документи бидејќи ЕТИАС се чува електронски, стои во информацијата на страната за системот.

реклама

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Read more

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Read more

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Read more

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост

Read more

За 9 месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра

Read more

Денес дожд, засилен ветер и грмежи

Read more

Митески го доби мандатот за градоначалник на Аеродром

Read more
 

Вести

Девојката која се преправаше дека е Меделин Мекен осудена на 6 месеци затвор за следење

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост

Читај повеќе

За 9 месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра

Читај повеќе

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца

Читај повеќе

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во Битолско, заработувале од мачење животни

Читај повеќе

Домашни производи и специјалитети од сите региони на Македонија денес може да се пробаат во Градски парк

Читај повеќе

Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Читај повеќе

Денес дожд, засилен ветер и грмежи

Читај повеќе

ЕК го заострува издавањето визи за руските граѓани

Читај повеќе