Македонците од Бугарија договорија средба со Пендаровски

Делегација на организациите на обесправените Македонци во Бугарија доби одобрение за средба со претседателот Стево Пендаровски.

ОМО Илинден и ОМО Илинден Пирин испратиле барање за средба со претседателот на Република Северна Македонија, а истото е одобрено и според информации од Кабинетот на претседателот, средбата ќе се оствари „во најбрз можен рок“.

Во своето барање Македонците од соседна Бугарија искажаа поддржка на евроинтеграцискиот процес на Мкаедонија.

„Сметаме дека постоењето на Македонци од двете страни на границата е предуслов за мост меѓу двете земји и народите во нив. Ова наше сфаќање не го делат властите во Република Бугарија, каде на ниту еден начин не сме застапени и не можеме да се изразиме. Властите во Бугарија демонстрираат ефикасна комуникација со самоидентификуваните како етнички Бугари во РСМ, што за нас е за почит, но необјаснив е односот кон нас. Пример за тоа е односот на самоидентификуваните етнички Бугари во РСМ и претседателот Румен Радев. Сметаме дека реципроцитетот би бил знак за еднаквост меѓу бугарскиот и македонскиот народ. Затоа би сакале да одредите ден и време во кое ќе нѐ примите за да ги споделиме со Вас нашите заеднички цели и напори во интерес на македонскиот и бугарскиот народ“, стои во барањето на Македонците од пиринскиот дел испратено до Пендаровски.

Remote video URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе