Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Во Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година, дури две третини од земјите добиле лоша оценка, според Транспаренси интернешнал. Корупцијата има негативно влијание врз заштитата на климата и демократските стандарди.

Рекордни топлотни бранови, поплави, шумски пожари – додека порастот на екстремните временски настани ги става во опасност климатските цели, еден клучен фактор често останува незабележан. Тоа е корупција. Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнал за 2024 година открива дека во многу земји, поткупот и злоупотребата на моќ или позиција масовно ги попречуваат напорите за заштита на климата. Во контекст на рекордното глобално затоплување, поткопувањето на демократијата и намалувањето на глобалните напори за заштита на климата, светот е однесен во ќош, според истражувањето на ТИ.

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнал за 2024 година покажува пад од два индексни поени на земјава во однос на минатата, рангирајќи ја на 88 позиција заедно со Казахстан, Суринам и Виетнам.

Највисоко рангирана и годинава останува Данска со 90 индексни поени, по што следат Финска со 88, Сингапур со 84 поени, Нов Зеланд со 83 и Луксембург со 81 поен.

На последно место е Јужен Судан со 8 индексни поени, додека пред него се Сомалија со 9 и Венецуела со 10 индексни поени.

Од земјите во регионот најдоброрангирана е Грција, која е на 59-тата позиција, а најлошо Босна и Херцеговина, која е на 114-тата позиција.

Албанија е на 80. позиција, Косово е на 73. позиција.

Србија е на 105-тата позиција, а Хрватска има пад од 3 поени и е на 63. позиција. Бугарија бележи пад од 2 поена, и е на 76. позиција.

Црна Гора стагнира - е на 65-тата позиција.

Тагови
реклама

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Маѓар не гледа проблем во картите на Голема Унгарија: Унгарците го паметат тоа време како златно

Read more

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Read more

Сите го исмеваа, а сега сакаат да го посетат: Како најгрдиот град во Европа стана атрактивен?

Read more

Македонија

Благ пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи, утврди Министерството за економија

Read more

Полицаец барал поткуп за да реши тепачка на „мирен начин“ во Струмица

Read more

Меџити: Почнува трансформацијата на Старата чаршија, инвестиција од околу 29 милиони денари

Read more

Мицкоски: Ако Груевски се појави во Македонија ќе биде упатен в затвор

Read more
 

Вести

Благ пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи, утврди Министерството за економија

Читај повеќе

Полицаец барал поткуп за да реши тепачка на „мирен начин“ во Струмица

Читај повеќе

Меџити: Почнува трансформацијата на Старата чаршија, инвестиција од околу 29 милиони денари

Читај повеќе

Хезболах: Не нè интересира исходот од преговорите меѓу Либан и Израел

Читај повеќе

Германија и Украина потпишаа воени договори 

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Ако Груевски се појави во Македонија ќе биде упатен в затвор

Читај повеќе

Унгарскиот форинт вртоглаво расте по поразот на Орбан

Читај повеќе

Од полноќ поевтинуваат горивата

Читај повеќе

Кина му се закани на Трамп

Читај повеќе