Македонија ќе има претставници на ЕУРО 2024: Делегат и кондициски тренер на судии

Филип Здравески
/ 12.06.2024 / 15:02

Македонската репрезентација не се квалификуваше, а УЕФА не одбра никој од македонските судии, но Македонија сепак ќе има двајца претставници на Европското првенство во Германија.

Фото: ФФМ

„Претставници на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски во улога на делегат на натпревари и Сашо Даневски, кондициски тренер на фудбалски судии, добија голема чест да бидат дел од организацијата на натпреварите на Европското првенство 2024 во Германија“, соопшти ФФМ.

Филип Поповски е одреден за делегат на сите натпревари што ќе се одиграат на „Олимпиаштадион“ во Берлин. Тоа се натпреварите Шпанија - Хрватска, Полска - Австрија и Холандија - Австрија од фазата по групи, како и натпреварите од осминафиналето, четвртфиналето и големото финале на јули.

Сашо Даневски, кондицискиот тренер на фудбалски судии, веќе три седмици во Франкфурт работи со делегираните судии за Европското првенство. Нашиот Даневски, исто така, беше одговорен за следење на тренинг процесот на судиските тимови кои ја делеа правдата и на финалните натпревари од Лига на шампиони и Лига Европа.

„Ова признание и улогата што им е доделена на Филип Поповски и Сашо Даневски ја истакнува стручноста, посветеноста и професионализмот во нашата федерација. Во улога на делегати на мечевите во организација на УЕФА, нашите претставници и досега ги одржуваа највисоките стандарди на организација и ефикасност на натпреварите. Дополнително, нашите фитнес тренери работат со судиите за да се осигураат дека тие се во врвна физичка кондиција, што е клучно за одржување на брзиот и напорен карактер на турнирот. Доверувањето на овие одговорности ја нагласува довербата што организацискиот одбор на ЕУРО 2024 и УЕФА  ја имаат во нашите способности“, истакнаа од ФФМ.

Фото: ФФМ

„Пред сѐ би сакал да се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија за несебичната поддршка на сите оние што ја преставуваат нашата федерација и нашта држава на големи настани како што е Европското првенство. Благодарност и до УЕФА која го препознава нашиот труд и квалитет и ни ја дава можноста да бидеме дел од ова големо натпреварување. Функцијата делегат на натпреварите на Олимпискиот стадион во Берлин е привилегија, но и многу одговорна функција која е поврзана со сите спортски аспекти на самиот стадион. Јас верувам дека ќе се покажеме во најдобро можно издание и ќе направиме простор за идни наши преставници да бидат дел од европските натпреварувања“, изјави Филип Поповски.

„Олимпиаштадион“ во Берлин
Тагови
реклама

Како да се ослободите од мувлата што се лепи на силиконот во веце?

Read more

Што да направите во случај да ви прегрее моторот на автомобилот?

Read more

Колку чекори дневно треба да правите за да бидете фит?

Read more

Сите ајкули тестирани на кокаин во Бразил биле позитивни

Read more

Фудбал

ВАР офсајд на венецуелски начин

Read more

Бордо исфрлен во третата лига

Read more

Играчите на киевски Динамо вечерва поради Русија нема да се ракуваат со играчите на Партизан

Read more

УЕФА исфрли украински клуб од Европа

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ВАР офсајд на венецуелски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку се удобни картонските кревети во Париз? Австралиските тенисерки први ги испробаа

Читај повеќе

Бордо исфрлен во третата лига

Читај повеќе

Снуп Дог ќе го носи факелот на отворањето на Олимписките игри

Читај повеќе

Играчите на киевски Динамо вечерва поради Русија нема да се ракуваат со играчите на Партизан

Читај повеќе

УЕФА исфрли украински клуб од Европа

Читај повеќе

Енди Мареј најави крај на кариерата

Читај повеќе

Меси уште не е подготвен, го пропушта Ол-стар натпреварот

Читај повеќе
  • play_arrow

Феноменален финиш на Леброн за победа на САД против светските шампиони

Читај повеќе