Македонија на Евровизија: Кој е вашиот омилен настап?

Александра Спасеска
/ 18.05.2021 / 17:42

Васил Гарванлиев е нашиот евровизиски претставник кој вечерва ќе настапи на првото полуфинале на 65. издание на Избор на песна за Евровизија во Ротердам, Холандија.

Васил ќе настапи шести по ред со песната „Here I Stand“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)

Тамара Тодевска со песната „Proud“ го постигна најголемиот успех на нашата земја во досегашните учества на Изборот за песна на Евровизија и со кумулативни 305 поени го освои седмото место во 2019 година. Според гласовите на жиријата, песната „Proud“ беше на прво место со освоени 247 поени.

Изборот за песна на Евровизија 2021 ќе се одржи од 18 до 22 мај во Ротердам. Покрај Северна Македонија, на Евросонг 2021 ќе учествуваат и Албанија, Австралија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Белорусија, Бугарија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грција, Грузија, Хрватска, Ирска, Исланд, Италија, Израел, Ерменија, Кипар. Летонија, Литванија, Малта, Молдавија, Германија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Сан Марино, Словенија, Србија, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Велика Британија, Украина и домаќинот Холандија.

Македонија на Евровизија

Пред да прогласи независност во 1991, како дел од СФРЈ, Социјалистичка Република Македонија учествуваше во југословенската пред-селекција помеѓу федеративните држави, а исто така македонски композитори пишуваа песни за кандидати од другите држави во Југославија. Македонските учесници не победуваа и СР Македонија беше единствена држава што немаше пратено претставник на Југославија на Евровизија. Исклучок е кога Маја Оџаклиевска победи во 1979 на изборот за претставник на Југославија, но таа не учествуваше на Евровизија 1979 поради одлуката на Југославија да не учествува таа година.

Како Поранешна Југословенска Република Македонија, државата го испрати првиот претставник на Евровизија 1996 – Калиопи со „Само ти“. Сепак, не успеа да се квалификува преку пред-квалификациската рунда. Напорите да учествува на натпреварот беа оневозможени и на Евровизија 1997, кога нов систем беше претставен каде државите со најмалку просечни бодови од претходните четири години беа исклучени од учество. Македонија дебитираше на Евровизија 1998 со песната „Не зори зоро“ на Владо Јаневски.

Најдобриот резултат пред 2019 беше во 2006 кога Елена Ристеска ја отпеа „Нинанајна“ во Атина, Грција и го освои 12-тото место. Македонија е единствената држава која се квалификувала во секое полуфинале од 2004 до 2007 (други држави се квалификуваа за секое финале, но поради тоа што беа во топ 10 во претходната година, не мораа да се натпреваруваат во полуфиналето). Иако никогаш немаше завршено во топ 10, рекордот за квалификување за секое финале беше урнат во 2008, кога гласовите на жирито користени во полуфиналето ја одбраа Шведска како финалист, а Тамара Тодевска, Врчак и Адријан Гаџа завршија на 10-то место од телефонските гласови. Од тогаш, Македонија само во 2012 успеа да влезе во финалето, кога настапи Калиопи со „Црно и бело“.

Македонската радио-телевизија што го пренесува фестивалот, го користеше Скопје Фест за да го одбере националниот претставник уште од дебитантското учество, но во 2004, 2005, 2006, 2007 и 2012 националните финалиња беа одржани како посебни фестивали.

Во 2019, државата за првпат учествуваше под новото име Република Северна Македонија, а МРТ ја одбра Тамара Тодевска со песната „Proud“ со интерна селекција. Песната успеа да се квалификува во второто полуфинале, и го освои седмото место во финалето и прво место од гласовите на интернационалното жири. Ова е првото топ 10 место на Македонија и нејзин најдобар резултат досега.

За Евровизија 2020 интерно беше одбран Васил Гарванлиев со песната You, но истата беше откажана поради состојбата предизвикана од пандемијата на коронавирус во Европа и светот.

Македонија на Евровизија има дадено најмногу бодови на:

Турција         61

Хрватска       56

Албанија      43

Босна и Херцеговина       41

Романија      33

Македонија има примено најмногу бодови од следниве држави:

Хрватска       49

Словенија    32

Босна и Херцеговина       31

Србија и Црна Гора           27

Романија      25

Кој е вашиот омилен настап на Македонија на Евровизија досега?

1998  Владо Јаневски - „Не зори зоро“

Remote video URL

2000  XXL - „100% те љубам“

Remote video URL

2002  Каролина Гочева - „Од нас зависи“

Remote video URL

2004  Тоше Проески - „Life“

Remote video URL

2005  Мартин Вучиќ – „Make My Day“

Remote video URL

2006  Елена Ристеска – „Нинанајна“

Remote video URL

2007  Каролина Гочева – „Мојот свет“

Remote video URL

2008  Тамара, Адријан и Врчак – „Let Me Love You“

Remote video URL

2009  Next Time – „Нешто што ќе остане“

Remote video URL

2010  Ѓоко Танески, Били Ѕвер и Дамјан Пејчиноски – „Јас ја имам силата“

Remote video URL

2011  Влатко Илиевски – „Русинка“

Remote video URL

2012  Калиопи – „Црно и бело“

Remote video URL

2013  Есма & Лозано – „Пред да се раздени“

Remote video URL

2014  Тијана Дапчевиќ – „To the sky“

Remote video URL

2015  Даниел Кајмакоски – „Autumn Leaves“

Remote video URL

2016  Калиопи – „Дона“

Remote video URL

2017  Јана Бурческа – „Dance Alone“

Remote video URL

2018  Eye Cue – „Lost and Found“

Remote video URL

2019  Тамара Тодевска – „Proud“

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе