ИЗБОР ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА 2021

Македонија оди на Евровизија 2021, но дали со Васил?

Александра Спасеска
/ 27.10.2020 / 19:54

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека 41 земја го потврдила учеството на Евровизија 2021, што треба да се одржи следната година во холандскиот град Ротердам.

Според објавените информации на официјалната веб-страница, меѓу учесниците ќе биде и претставникот од Република Северна Македонија.

Учеството на натпреварот следната година го потврдија истите земји што требаше да настапат на годинешниот Избор за песна на Евровизија, кој беше откажан поради пандемијата со COVID-19.

Поради откажувањето на натпреварувачкото шоу, Европската радиодифузна унија донесе одлука следната година повторно да им ја препушти организацијата на Евросонг на Холанѓаните, а настанот се очекува да се одржи од 18 до 22 мај 2021 година.

Remote video URL

„Благодарни сме за посветеноста на 41 радиодифузер да помогнат во реорганизацијата и враќањето на Евровизија“, рече Мартин Естердал, извршен супервизор на натпреварот.

Тој додаде дека ЕБУ, заедно со холандските радиодифузери NPO, NOS и AVROTROS, работат на четири сценарија за одржување на Евровизија следната година и дека тие се во постојан контакт со сите учесници.

„Тимот холандски радиодифузери работи напорно за да овозможи дека Евровизија ќе ги пружи возбудата и иновациите што ги очекуваат повеќе од 180 милиони гледачи, и покрај околностите кои претставуваат вистински предизвик“, истакна Естердал.

Организаторите имаат поставено високи критериуми за претстојниот настан и се подготвува протокол со цел да се заштити здравјето на вработените, учесниците, новинарите и посетителите.

Освен Северна Македонија, на Евросонг 2021 ќе учествуваат и Албанија, Австралија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Белорусија, Бугарија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грција, Грузија, Хрватска, Ирска, Исланд, Италија, Израел, Ерменија, Кипар. Летонија, Литванија, Малта, Молдавија, Германија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Сан Марино, Словенија, Србија, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Велика Британија, Украина и домаќинот Холандија.

Кој ќе ја претставува Северна Македонија?

По објавувањето на веста од ЕБУ, Редакцијата на Kajgana.com стапи во контакт со Васил Гарванлиев, кого Македонската радиотелевизија го избра за претставник на Република Северна Македонија на Изборот за песна на Евровизија 2020 во Ротердам.

Васил Гарванлиев (Фото: Бојан Стоилковски)

На нашето прашање дали тој конечно ќе се качи на евровизиската сцена како учесник (тој беше дел од евровизискиот тим на Тамара Тодевска како придружен вокал на Евросонгот во Тел Авив во 2019 година), Васил вели дека засега и тој си го поставува истото прашање и дека нема уште никакви официјални вести од МТВ.

„Дали сакам и заслужувам да ја добијам шансата да застанам на таа огромна сцена и да ја претставувам Македонија? Да!“, категорично вели Васил.

Оперскиот и поп-пејач додава дека ние сме една од седумте земји кои немаат ништо потврдено во поглед на кандидатот, а сите други земји со интерен избор ги имаат потврдено истите пејачи.

„Многу чудно време! Корона ни постави една голема ‘корона пауза' на сите над главата и полека се навикнуваме на новата нормала. Ако се прашувам јас, целиот Евросонг клас од 2020 година заслужува да си ја претстави својата земја во 2021“, вели Васил и додава дека веднаш штом добие информација од МТВ ќе ја сподели со нас и нашите читатели.

Васил Гарванлиев (Фото: Бојан Стоилковски)

На одложениот Евросонг, Васил требаше да се претстави со песната „You“.

Remote video URL

Тамара Тодевска со песната „Proud“ го постигна најголемиот успех на нашата земја во досегашните учества на Изборот за песна на Евровизија и со кумулативни 305 поени го освои седмото место во 2019 година. Според гласовите на жиријата, песната „Proud“ беше на прво место со освоени 247 поени.

реклама

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе