Македонска дизајнерка ја покажа иднината на модата: Tex&Tech за револуција во индустријата

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 09.12.2022 / 14:22

Во време кога одржливоста е во фокус на модната индустрија и бројни модни брендови се ставени под лупа на активистите за нивните практики на работење, светот на технологијата не престанува да претставува проекти и иновации кои ќе го олеснат работењето и ќе го намалат отпадот во индустријата.

Еден таков проект е Tex & Tech - Текстил и технологии, што деновиве ѝ беше претставен на македонската публика. Промоцијата се одржа во просториите на Млади Хаб, додека споделените содржини останаа достапни на www.texandtech.mk.

Tex & Tech е приказ и акцент на напредокот во развој на дигиталните 3Д софтвери за моден дизајн, кои овозможуваат поедноставување на голем број технолошки процеси и зголемена ефикасност во процесот на дизајнирање и прототипирање на продуктите.

Поконкретно, целта е на дизајнерите, производителите и конзументие во текстилната индустрија да им се долови како дигиталната 3Д визуелизација покренува позитивни промени во повеќе креативни индустрии паралелно.

3Д Дизајнот на облека во улога на создавање дигитални прототипи пред реалното производство е бенефт со кој се постигнува наменско и квалитетно дизајнирање на продуктот, детално планиран процес без прекумерено или ненаменско трошење на необновливите и ограничени ресурси, што е од непроценливо значење за унапредување на одржливоста во модната и текстилната индустрија.

Автор на проектот е Ангела Доневска, текстилен инженер и 3Д моден дизајнер која го реализираше заедно со тим креативци од модната и IT индустријата.

Tex & Tech е дел од програмата за поддршка на проекти од областа на Визуелните уметности, од страна на Министерството за Култура на РСМ за 2022 година. 

Проектот опфати:

  • Виртуелна модна ревија
Remote video URL
  • Приказ на дигитални трансформации на облека
  • Виртуелна модна станица https://texandtech.mk/virtual/fashion/
  • Кратка едукативна програма за младите дизајнери

За реализација на целите беше користен софтверот Clo 3D, кој е еден од најкористените софтвери за реалистични симулации на облека, рендерирање и прототипирање на текстилни производи во виртуелна средина. Неговите модули поддржуваат голем дел од операциите на кои се темелат технолошките процеси како : моделирање и градирање на облеката, тестирање на фит користејќи аватари со различни конфекциски броеви, планирање на кројни слики и потрошок на текстил, библиотека на ткаенини и плетенини со адаптирани физички својства, бои, принтови и текстури. На овој начин овозможува виртуелно прототипирање без создавање отпад, проследено со рендерирање кое овозможува реалистични дигитални фотографии/видеа кои се користат за брендинг и промотивни цели, објаснува Доневска.

„Очекуваните резултати се директно влијание и ширење на свеста за бенефитите од познавање и имплементација на наведените технологии, како и започнување на директна примена во функционирањето на текстилната индустрија и локалните модни бизниси по потребната адаптација и инвестиција. Од аспект на младите креативци во засегнатата индустрија очекуваме зголемен интерес и ентузијазам за запознавање, изучување и примена на наведените технологии со цел достигнување компетентност за вршење на дејноста преку современи методи, поедноставно и поефикасно, следејќи ги светските текстилно-технолошки трендови“, заокружи таа.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе