Македонската кошаркарска репрезентација 53-та на ФИБА ранг-листата

Македонската кошаркарска репрезентација се најде на 53. место во светскиот репрезентативен поредок.

По завршувањето на Европскиот шампионат кој од 1. до 18. септември се одржа во четири различни земји, Светската кошаркарска федерација (ФИБА) го направи и најновото рангирање на сениорските национални тимови.

– Без особени промени изгледа листата во европската кошаркарска зона. Со вкупно 195.3 освоени поени, Македонија е на 28. место во европската зона, односно едно место подолу во однос на претходното рангирање на ФИБА. Нашите противници во второто претквалификациско коло за Евробаскетот 2025, селекцијата на Данска е на 32. место на листата (179,7 поени), Словачка е 35, а Норвешка на позицијата број 39, објави КФСМ.

Во изминатиот период, „црвено-жолтите“ имаа половичен ефект. Два порази во квалификациите за Светскиот Куп (против Шпанија и Украина), додека во текот на август дојдоа и двете победи во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025, против Данска на гостински и Словачка, на домашен терен.

Првопласираните три репрезентации на ФИБА-листата се: САД со 760,7 бодови, Шпанија со 758,9 и Австралија со 741,1 поен.  

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе