Македонски државјанин меѓу загинатите во експлозијата во фабриката во Словенија 

Љубљана, 13 мај 2022 (МИА) – Меѓу петтемина загинати во вчерашната експлозија во Фабриката за хемиски производи „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, има и еден државјанин на Северна Македонија, објавија денеска словенечките медиуми.

Како што соопшти Полициската управа на Љубљана, од останатите четворица загинати, двајца се Словенци, а двајца државјани на БиХ.

Според словенечката полиција, загинатите „сè уште не се идентификувани, но се знае дека тројца од нив се странци“.

Началникот на Одделението за општ криминал при СВР Љубљана, Валтер Зрински изјави дека засега сè уште не може да потврди дали причина за експлозијата е човечка грешка.

– Службеници на криминалистичката полиција продолжуваат да вршат увид на местото на настанот за да им помогнат на форензичарите да ја утврдат точната причина што довела до овој немил настан, нагласи Зрински, додавајќи дека кога ќе имаат „издржани заклучоци“ од наодите ќе го известат надлежното Јавно обвинителство.

Експлозијата во Кочевје, гратче со околу 8.000 жители во јужна Словенија, се случи вчера околу 8.30 часот, по што надлежните на локалните жители веднаш им препорачаа да ги затворат прозорците и да не излегуваат надвор, иако нагласија дека нема опасност од загадување на животната средина.

Фабриката „Меламин“ е основана во 1954 година и вработува околу 200 работници, а името го носи по хемикалијата што ја произведува наменета за покривање на подови и мебел.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе