Македонскиот BtoBet добитник на две престижни награди во iGaming индустријата

Еден од најдобрите провајдери на софтвер за спортско обложување во светски рамки, македонската компанија BtoBet, месецов се закити со две престижни награди во iGaming индустријата.

На почетокот на ноември, компанијата ја доби наградата Multi-Channel Supplier of the Year која ја доделува реномираната мултимедијалната компанија 5 Star Media. Овие награди, кои компанијата ги доделува на годишно ниво, претставуваат своевидно признание за најдобрите провајдери во Б2Б синџирот на снабдување во индустријата и ги промовираат успехот, иновациите и етиката во iGaming деловната заедница.

Изминатите 12 месеци, BtoBet, кој сега е дел од реномираната групација Aspire Global, направи значителна експанзија на афричкиот континтент. Благодарение на успешно остварените зделки под повеќе различни јурисдикции, компанијата месецов се стекна и со наградата „снабдувач на спортско обложување за африканскиот пазар“ на престижните Gaming Intelligence Awards, како дел од најуспешните iGaming провајдери на глобално ниво.

„Ни претставува особено задоволство што нашите заложби за континуирано унапредување на она што им го нудиме на нашите партнери се препознаени на овој начин. Овие награди се пред сè потврда за талентот, иновативноста и напорната работа на вработените, но и за технолошката флексибилност која ни овозможува да се прилагодиме на различните пазарни сценарија. Продолжуваме да креираме врвни технолошки решенија кои ќе ни обезбедат одржување на конкурентската предност во индустријата, а кои за нашите партнери ќе значат исполнување на нивните цели и долгорочен раст преку обезбедување уникатно обложувачко искуство за нивните играчи“, истакнаа од BtoBet.

Експоненцијалниот раст кој компанијата го бележи особено во последната година, се должи меѓудругото, и поради тоа што фокусот на нивното софтверско решение е целосно насочен кон играчот, со цел да обезбеди врвно корисничко искуство, но и како резултат на зголемувањето на инвестицискиот капацитет преку партнерството со водечкиот глобален провајдер во iGaming индустријата, Aspire Global. Ова дополнително ѝ овозможи на компанијата да го зголеми своето присуство на пазарите во развој, како Латинска Америка и Африка, но и да ја зацврсти својата позиција веќе развиените пазари, како европскиот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Промо

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more

Macan поставува нови стандарди: првиот и целосно електричен SUV на Porsche

Read more

НЛБ Банка по повод Меѓународниот ден на образованието: Развојот на вработените основа за личен и организациски раст

Read more

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Read more
 

Ново

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе
  • filter

Се продава легендарното BMW M1, проценето е до 500.000 евра

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе