Македонската фудбалска репрезентација претпладнево од Букурешт со чартер лет ќе отпатува за Амстердам каде ќе го одигра својот последен натпревар на 16. Европско првенство.
„Црвено-жолтите“ по двата пораза во Букурешт ги загубија шансите за осминафинале, но против Холандија ќе имаат можност да стигнат до првите бодови на ЕУРО 2020.
Домаќинот на овој меч ќе игра растeретено, бидејќи веќе го обезбеди првото место во Ц-групата и пласманот во елиминациската фаза.
Натпреварот ќе се одигра на 21 јуни со почеток во 18 часот на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам.