МакеКоПроДокс форум и годинава дел од МакеДокс

Работилницата за пичинг со Бриџит О'Ши, што се одржа пред официјалното отворање на 13-тиот МакеДокс, е вовед кон централниот настан во индустрискиот сегмент на фестивалот - четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот, што ќе се одржи од 22 до 24 август.

Главна цел на МакеКоПроДокс форумот е развој на стратешки план за зголемување на копродукциите на документарните филмови меѓу балканските земји. Форумот вклучува претставници од 12 регионални филмски агенции, документарни здруженија, документарни професионалци и 11 проекти во различни фази на продукција избрани преку отворен повик.

„Особено ми е драго што после две онлајн-изданија на МакеКоПроДокс форумот во пандемиски услови, годинава ќе го имаме четвртото издание со најголем број од учесниците присутни во живо во Скопје, а помал дел од нив онлајн. Годинава за делот Балканска филмска мрежа, кој го модерира Хеле Хансен, во Скопје ќе бидат присутни претставници од Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Косовскиот центар за кинематографија, Албанскиот центар за кинематографија, Бугарскиот национален филмски центар, додека српскиот, црногорскиот и грчкиот центар ќе ни се приклучат онлајн. На 22 август, првиот ден од форумот, тие ќе ги презентираат шемите на финансирање пред учесниците и филмските професионалци. Потоа ќе имаме презентација на Ивана Мирчевска од МЕДИА деск МК. Денот ќе заврши со презентација на шесте проекти кои беа дел од работилницата за развој со Туе Стен Милер“, објаснува Сара Ферро, координаторка на МакеКоПроДокс форумот.

За вториот дел од форумот, односно пичинзите на проектите, годинава има разновидна селекција од 11 проекти кои се продуцирани или се снимаат на Балканот (Албанија, Косово, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Турција...). Авторите и продуцентите ќе ги претстават своите проекти на 23 август и ќе имаат еден-на-еден состаноци со одлучувачите.

„Тешко е човек да не се вљуби во МакеДокс. Во неговата локација, филмовите и луѓето. По деветгодишното искуство како филмски застапник за документарни филмови во Данска и Норвешка, логично беше да го споделиме нашето знаење и среќна сум што ќе научам за начинот на кој функционира Балканот. Исто така, ја модерирам и мрежата составена од клучни фигури во балканските филмски агенции и центри, па привилегија е да се биде заедно со група која сака да разменува, иновира и работи во полза на создавање најдобри услови за филмаџиите и филмовите во иднина“, истакнува модераторката Хеле Хансен.

МакеКоПроДокс форумот е реализиран во соработка со Агенцијата за филм на РСМ, МЕДИА деск МК, Грчки филмски центар, Град Скопје, Вардар филм и МКЦ.

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје. Фестивалската програма на 13. МакеДокс ќе се прикажува на четири локации, и тоа во Куршумли-ан, плато пред Куршумли-ан, МКЦ и Europe House Скопје.

Медиумски покровители на 13. МакеДокс се: Кајгана Медиа, Слободен печат, Нова Македонија, МТВ – Прв програмски сервис, МКД.мк, УМНО, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Его, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк и Еспресо.мк.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе