Макрон е како Хитлер? Антиваксерите го налутија претседателот

Францускиот претседател Емануел Макрон го тужи сопственикот на билборд на кој е претставен како нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, во знак на протест против ограничувањата за COVID-19.

Мишел-Анже Флори, кој поседува околу 400 билборди во јужниот дел на Вар, вчера напиша на Twitter: „Само што дознав дека утре ќе ме сослушуваат во полициската станица во Тулон по жалба на претседателот на Републиката."

„Значи, во Макронија може да се исмевате со задникот на пророкот, тоа е сатира, но да се направи претседателот да изгледа како диктатор е богохулие“, додаде тој.

Навредливиот постер го портретира Макрон во униформа на нацистичкиот лидер Хитлер, со карактеристичните мустаќи и залижана коса, а акронимот на претседателското движење LREM е претворено во свастика. Пораката гласи: „Послушај, вакцинирај се“.

Ваквата слика се појави на два билборда со димензии четири метри на три метри, лоцирани на пат со четири ленти во близина на влезот во Тулон. Некој има напишано „Срамота“ над еден од нив.

Обвинителството во Тулон во вторникот отвори истрага за „јавна навреда“.

Критичарите велат дека издавањето пропусници само за вакцинираните против COVID-19 е кршење на нивните права. Судовите во Европа можеби нема да се согласат со тоа.

Прекршокот „навреда на претседателот на Републиката“ беше укинат во 2013 година по пресудата на Европскиот суд за човекови права со која се осудува Франција, но шефот на државата е заштитен од навреда и јавна клевета како и секој обичен граѓанин, дури и ако кривичните гонења, кои понекогаш се сметаат за напад врз слободата на изразување, се ретки.

Флори се брани, велејќи: „Го гледаш Хитлер, но можеш да го видиш Сталин, или јас го гледам Чарли Чаплин во ‘Диктаторот’“.

Овие постери имаат за цел да ја доведат во прашање „оваа демократија каде одлуките се донесуваат без дискусија на здравствен совет“, објасни тој.

Не е прв пат неговите постери, кои редовно ги користи за коментирање на политички или општествени теми, да предизвикаат критики или да го доведат во правни проблеми.

Луѓето во Франција кои се против КОВИД ограничувањата, ја споредија земјата со диктатура, а некои од оние што протестираа против здравствените пропусници (кои во моментов се бараат за посета на забавни и културни места, но наскоро ќе бидат проширени и на барови, ресторани и јавен превоз на долги релации) носеа жолти ѕвезди што потсетуваат на оние што нацистите ги принудија Евреите да ги носат.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе