Макрон ги прекројува КОРОНА мерките за да го крене моралот на Французите

Како што се приближува Божиќ, францускиот претседател Емануел Макрон сака да го подигне моралот кај Французите и најави скоро отворање продавниците, укинување на мерките кон средината на декември и вакцинирање на почетокот на 2021 година, пренесува France Press.

Макрон најави дека од следната сабота ќе следи отворање на малите продавници во кои не се продаваат основни намирници, како што се книжарници, цвеќарници, продавници за играчки, затворени од средината на октомври, но само до 21 часот, но кафулињата, рестораните, спортските сали и дискотеките остануваат затворени.

Французите досега смееја да се движат во радиус од 1 километар во текот на еден час, а отсега ќе им биде дозволено да се движат во круг од 20 километри во текот на три часа.

Доколку епидемиолошката состојба продолжи да се подобрува, карантинот ќе биде укинат на 15 декември и ќе биде заменет со полициски час во целата земја од 9 до 7 часот, освен на 24 и 31 декември, кога движењето ќе биде слободно, додаде Макрон за време на телевизиското обраќање.

Од 15 декември „ќе можеме да се движиме без дозволи и меѓу регионите и да го поминеме Божиќ со семејството, но без непотребно патување“, најави Макрон, кој воведе втор карантин на 28 октомври за спречување на вториот бран на COVID-19.

Преминат е прагот од 50.000 смртни случаи во Франција, но прогресијата на болеста се забавува.

Со почитување на строгите мерки за заштита, музеите, театрите и кината ќе бидат отворени на 15 декември, под услов бројот на новоинфицирани лица да се задржи на околу 5.000 на ден, а бројот на пациенти на интензивна нега од 2.500 до 3.000 дневно.

Макрон вчера ги повика Французите да продолжат да бидат внимателни во борбата против коронавирусот затоа што „иако го забавија ширењето на вирусот, тој сепак е присутен“.

„Ако не сакаме трет карантин утре, мора да ја удвоиме својата внимателност, да ги заштитиме своите најблиски и да носиме заштитни маски и дома кога сме со пријатели и роднини кои не живеат со нас“, побара тој.

Во однос на вакцината, таа треба да се понуди незадолжително прво на  „најранливите“, кон крајот на декември и почетокот на јануари.

Тој истакна дека некои вакцини ќе бидат „достапни кон крајот на декември“ и нагласи дека првата ќе се примени откако ќе биде одобрена од релевантните здравствени власти. Вакцинацијата нема да биде задолжителна.

Децата од оваа сабота ќе можат да одат на воншколски активности на отворено, а во салите од 15 декември.

Верските храмови се отвораат во сабота за најмногу 30 лица истовремено.

Сепак, Макрон истакна дека скијачките центри нема да бидат отворени за Божиќ, туку дури „во текот на јануари“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе