Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека наскоро може да се склучи примирје во конфликтот во Нагорно-Карабах, иако ситуацијата таму сѐ уште е нестабилна.
Елисејската палата соопшти дека Макрон доцна синоќа разговарал со ерменскиот премиер Никола Пашинјан и рано утрово со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, со цел „продолжување на преговорите во наредните денови“.
Обновените судири меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно-Карабах ескалираа на 27 септември.
Двете страни прогласија воена состојба и општа мобилизација и пријавија жртви, вклучително и цивили.