Макрон со 8 милијарди евра ќе ја прави Франција лидер за електрични автомобили во Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон го претстави „историскиот план“ за помош од 8 милијарди евра за производителите на автомобили загрозени од последиците од пандемијата со коронавирусот.

Овие пари треба да се искористат за модернизација на овој сектор од француската индустрија и земјата да стане предводник во производството на електрични автомобили.

„Државата ќе даде нешто повеќе од 8 милијарди евра за овој сектор“, вети Макрон за време на посетата на фабрика за автоделови во северна Франција.

Макрон рече дека целта е со оваа помош Франција да стане прва земја во Европа по производство на „чисти автомобили“ во наредните пет години, со повеќе од 1 милион произведени електрични и хибридни автомобили годишно.

Макрон најави зголемување на „еколошките субвенции“ за купување електрични возила на 7.000 евра за граѓаните и 5.000 евра за компании, како и субвенции од 2.000 евра за возила на хибриден погон.

Од гигантот Renault побара „гаранции“ за иднината на вработените во две фабрики чија судбина е неизвесна. Нагласи дека државниот кредит од 5 милиони евра за Renault „не може да биде одобрен“ пред исходот од преговорите во овие фабрики. Преговорите се очекуваат следната недела.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе