„Мала Богородица“ на „Систина“ до крајот на неделава ќе биде подготвена за КОВИД-пациенти

Скопје, 22 ноември 2020 (МИА) – Старата гинеколошка болница на „Систина“, поранешна „Мала богородица“, ќе биде пренаменета во инфективно одделение каде ќе може да се лекуваат 100 пациенти, под контрола на Министерството за здравство. За пациентите ќе се грижи лекарски тим од трите најголеми приватни болници, „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“.

Ова го договорија вечерва министерот за здравство Венко Филипче и сопствениците на „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“.

Како што изјави Филипче по средбата, објектот со дополнителните 100 кревети ќе биде на располагање до крајот на неделата, но доволен број кревети засега има и во болниците од јавното здравство.

Филипче порача, граѓаните да бидат сигурни дека нема да сносат дополнителни трошоци за лекување ако бидат препратени во приватните болници, зашто сѐ ќе биде покриено од страна на државата.

-Постигнавме договор и обезбедивме дополнителни 100 кревети – ресурси кои државата ќе ги користи од приватните болници. Во објектот на „Систина“ ќе бидат обезбедени и кадар и материјали за работа, но и соодветен надоместок. Согласно постојните закони, ќе плаќа државата, рече Филипче.

Тој повтори дека утрово имал координација со сите директори на скопските клиники и болницата „8 Септември“, а на линија е постојано и со директорите на општите болници.

-Оваа недела има доволен број кревети, а капацитетот на „Систина“ е дополнителен за периодот што доаѓа, подвлече министерот.

-Постигнавме договор во интерес на граѓаните. Ако остане како што е договорено, сите три поголеми и другите помали приватни болници ќе бидат вклучени во помошта на граѓаните за борба против COVID-19 и сите наши ресурси со кои располагаме. Комплетно ги прифативме условите од Министерството, изјави сопственикот на „Систина“, Орце Камчев.

Според сопственикот на „Филип Втори“, Жан Митрев, сите се на ставот дека треба да помогнат колку што можат.

-Начелно имаме концепт и стоиме зад сето тоа. Министерот и Министертсвото треба да го водат сето тоа, ние сме тука да помогнеме и во опрема и во кадар и во логистика. Засега нема никакви недоразбирања или непто околу што би се расправале, напротив, мислам дека сме сите сме во тој правец – да помогнеме колку што можеме во оваа ситуација, истакна Митрев.

Дека трите најголеми приватни болници ќе бидат ставени во служба на граѓаните, потврдија и од „Ре-медика“.

Комуникацијата на министерот Филипче со трите најголеми привати болници, како што рече тој, ќе продолжи.

Стариот објект на „Систина“ целосно ќе биде опремен, ќе се инсталира и кислород за неколку денови, ќе се донесе опремата, а секоја од приватните болници ќе партиципира согласно можностите и големината. Бројот на кревети, 100, оцени Филипче, ќе биде доволен за во следниот период да се изменаџира кризата.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе