Малта – прва земја во Европа со колективен имунитет од COVID-19

Ла Валета, 25 мај 2021 (МИА) – Властите во Малта соопштија дека државата е првата земја во ЕУ што веќе има постигнат колективен имунитет против коронавирусот.

Властите соопштија дека 70 проценти од возрасната популација примила барем една доза вакцина.

– Денеска достигнавме колективен имунитет, изјави синоќа на прес-конференција министерот за здравство на Малта, Крис Ферн. Тој истакна дека „вакцината е оружје против вирусот“.

Островската земја, со население од околу половина милион луѓе, аплицирала 475.000 дози на вакцини. Нешто помалку од 42 проценти од луѓето постари од 16 години се целосно вакцинирани.

Три недели не се пријавени смртни случаи поврзани со коронавирус на Малта. Просечниот број на новоинфицирани лица на ден е само три.

Од 1 јуни, на Малта ќе биде дозволено да се оди на плажа без маска. Од 1 јули, луѓето со завршен циклус на вакцинација повеќе нема да треба да носат маска на отворено кога шетаат сами или со друго лице, доколку се вакцинирани.

Вакцинацијата во моментов е бесплатна за сите луѓе на Малта над 16 години. Деца на возраст од 12 години исто така ќе бидат вакцинирани откако европските медицински власти ќе дадат зелено светло. Малта регистрираше повеќе од 30.500 заразени и 417 смртни случаи.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе