Манчевски: Најчесто бараните документи се достапни електронски, да не се оди по шалтери

Најчесто бараните документи ќе можат да се добијат по електронски пат. Да ги избегнеме чекањата по шалтери, апелираше денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на попладневната прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче.

- Во насока на сите мерки кои ги презема владата против ширењето на корона вирусот, апелираме до сите граѓани коишто имаат потреба од услуги или различен вид на консултации со државните институации тоа да го прават по електронски пат за да се намали фреквенција на движење и редовите на чекање, особено за оние документи коишто им се најмногу потребни, изјави министерот.

Изводите од матични книги на родени и умрени може да се добијат по електронски пат, а тој документ ќе биде целосно валиден.

„На порталот uslugi.gov.mk има вкупно 128 услуги кои им се достапни на граѓаните од сечиј дом. Потврдите за документи од најпосетуваните институции како што се Фонд за здравствено и пензиско осигурување, Министерство за труд и социјална политика, АВРМ, централниот регистар, изводи од матични книги на родени, венчани и умрени можат да се добијат по електронски пат“, изјави министерот.

„За 744 други услуги може да се прочитаат сите други информации за целосното издавање на секој документ. Нема потреба да се посетува некоја државна установа за да се бараат информации. Апелираме граѓаните да ги користат овие услуги коишто им се достапни“, вели министерот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе