Манев емотивно: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
Во пресрет на натпреварот Македонија - Лихтенштајн в сабота (22 март) во Вадуц, воведен од квалификациите за Мундијалот 2026, македонскиот репрезентативен дефанзивец Јован Манев зборуваше за претстојниот предизвик, но и за тешките моменти низ кои поминува тој и целата нација по големата трагедија што ја потресе јавноста. Со емоции, тој истакна дека доколку добие шанса ќе даде сѐ од себе на теренот, посветувајќи го настапот на оние кои повеќе не се со нас.