Манго фармерот кој ги освои фудбалските љубители

Буцко, но брани како пантер. Видеото од австралискиот одгледувач на манго, кој во слободно време е голман, го освои фудбалскиот свет.

За голманот Нелсон Њу не слушнал никој, никој освен неговите соиграчи и другари. Но, сега цел свет слушна и тоа сосема неочекувано.

Во вторникот во далечната Австралија се играше натпреварот помеѓу Куинсленд Лајонс и Касуарина, два анонимни клуба со уште поанонимни играчи. Се работи за натпревар од шестнаестинафиналето на австралискиот ФФА куп каде настапуваат сите можни кубови од земјата, па оттаму и многуте аматерски клубови.

Домашните водеа со 3:0 кога гостинскиот тренер реши да направи замена на голманите, а во игра влезе Нелсон Њу. Веднаш се издвои од останатите на теренот, не поради дреч жолтиот дрес, туку поради неговиот физички изглед кој воопшто не наликува на фудбалер - буцко, со доста килограми повеќе.

Но, Нелсон иако до крајот прими три гола за победа на „Лавовите“ од 6:0, за него почнаа да се вртат видеа и тоа не со цел да го исмејуваат, туку да покажат дека упорноста и желбата се исплатат. Неговите одлични одбрани станаа хит ширум светот.

Remote video URL

Инаку, Нелсон е фармер кој за да преживее одгледува манга, тропско овошје кое кај нас го има по маркетите по прилично скапа цена.

Неговите сограѓани велат дека е веројатно најдобруот голман кој излегол од Дарвин, главниот град на австралиската федерална територија Северна Територија.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе