Mansory во свој стил го модифицираше Ferrari SF90 Spider

Mansory продолжува да развива „контроверзни“ тјунинг пакети, а неговиот најнов проект базиран на SF90 Spider на Ferrari не е исклучок.

Tempesta Celeste е навистина „див“ кабриолет со екстремен аеродинамичен пакет кој го промени изгледот на суперавтомобилот од Маранело. Покрај карбонските додатоци за каросеријата, назад е дводелен заден спојлер кој вклучува дополнителна LED заоблна линија.

Ултра агресивниот боди кит е придружен со издувен систем со 4 издувни цевки, како и масивен заден дифузор со светла за магла инспирирани од оние на Ф1 болидите. Речиси секој панел од каросеријата е доведен на екстремно ниво, вклучително и предниот браник со двојни крила и масивен лип спојлер. Браниците со отвори за вентилација потсетуваат на Porsche 911 GT3 RS, додека страничните ретровизори изгледаат помасивно.

Mansory работеше и на 4,0-литарски твин-турбо мотор поставен помеѓу оските. Овој V8 мотор развива 980 КС и 980 Nm вртежен момент, но е поврзан со три електромотори, така што овој хибриден склоп испорачува вкупно 1.100 КС. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае само 2,4 секунди, додека максималната брзина е 365 км/ч.

Оригиналните бандажи се заменети со лесен сет, односно 21-инчни предни бандажи и 22-инчни задни бандажи. Логото Mansory е на клештите на сопирачките во боја на каросеријата.

Внатрешноста е покриена со кожа и содржи јаглерод на одредени места каде што не може да се користи кожа. Дури и патосниците се обложени со светлосина кожа.

Mansory ќе произведе само 3 примероци од моделот F9XX Tempesta Celeste и секој од нив ќе биде единствен и дел од серијата One of One на тјунерот.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе