Маричиќ: Подготвени сме за модерен попис – политиката подалеку од статистичката операција

Државата е подготвена за спроведување на пописот според највисоките светски и стандардите на Еуростат. Сè што се прави за пописот е според стандардите на Еуростат и е вградено во Законот за попис, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.

– Најдобар доказ дека пописот ќе биде валидна статистичка операција е тоа што ќе биде спроведен според највисоките меѓународни стандарди и стандардите на Обединетите Нации. Тој ќе биде направен од стручните лице од Државниот завод за статистика, без вмешување на политика. Целта е пописот да се направи со денешните современи технолошки можности и сите добиени информации да бидат проверливи, истакна вечерва министерот Маричиќ во интервју за Канал 5 Телевизија.

Говорејќи за тоа кој се ќе се попишува, министерот кажа дека ќе има три категории, а добиените резултатите ќе се проверуваат.

– Ќе се попишуваат три категории на граѓани. Првата, вкупното население, каде спаѓаат резидентно и нерезидентно население, потоа резидентно население и неразидентно население. Мислам дека е сосема валидно, држава која со години иселувањето на населението го декларира како проблем, да знае точна бројка на иселени лица. Да дознаеме каде се отселени, да видиме кој е трендот и причините на иселување, а со тоа и што да се преземе за овој проблем, потенцираше Маричиќ.

Министерот за правда кажа дека сите добиени податоци од попишувањето ќе бидат анализирани и проверувани. Поради вкрстената проверка на информациите секои лажно давање информации ќе биде строго санкционирано.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе