Во третата епизода од YouTube серијата „Кујната на Марио“ нашиот омилен готвач подготвува италијанска паста.
Меци пакери (mezzi paccheri) се само еден од многуте видови италијанска паста кои се налик големи макарони. Марио одбра да ни приготви рецепт токму со нив.
Потребни состојки:
- 200 г телешко месо
- 110 г паста меци пакери
- половина главица кромид
- 20 г сушен домат
- неколку листови рукола
- 10 мл бело вино
- рузмарин
А за тоа како да ги подготвите, следете го Марио на неговиот YouTube канал: