КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Маркињос: Резил, им се извинувам на нашите навивачи

Макфакс/Кајгана
/ 26.03.2025 / 13:51

Капитенот на Бразил, Маркињос, им се извини на навивачите за поразот од Аргентина (1:4) во 14. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство, што во 2026 година ќе се одржи во Канада, САД и Мексико.

Аргентина е на првото место на табелата со 31 бод и обезбеди пласман на Мундијалот на четири кола до крајот на квалификациите. Бразил е на четвртото место со 21 бод, колку што имаат и Уругвај и Парагвај.

„Тоа што го направивме не смее да се повтори. Тешко ми е да зборувам бидејќи сè уште сме под импресии… Штета. Натпреварот го започнавме многу лошо, далеку под тоа што можеме, а тие беа полни со самодоверба. Знаеја да играат паметно… Им се извинувам на нашите навивачи“, изјави Маркињос, пренесуваат бразилските медиуми.

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор, има само 7 победи од 16 натпревари со националниот тим. Тој ја презеде репрезентацијата на Бразил во јануари 2024 година.

„Не постои тајна формула во фудбалот каде се донесува одлука и сѐ се извршува како што треба. Сите можеме да играме подобро. Мораме да ја споделиме вината“, истакна Маркињос.

Бразил во следното коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година ќе игра против Еквадор.

реклама

Фудбал

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Read more

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Read more

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Read more

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Read more
 

Спорт

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Срамен потег на Тудор: Му ја уништи кариерата на Кински?

Читај повеќе

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Читај повеќе

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе