Маркизио ќе се кандидира за градоначалник на Торино

Поранешниот играч на Јувентус и на репрезентацијата на Италија е спремен за нова кариера, овој пат како градоначалник на својот роден град.

Италијанските медиуми тврдат дека Клаудио Маркизио има намера да се кандидира за градоначалник на Торино. Тој минатата недела, навистина, сам откри дека размислува за политичка кариера, а сега два сериозни итлаијански медиуми ја споделија новата вест.

Според дневниот весник La Stampa и ТВ каналот Sky TG24, Маркизио е на листата од неколкумина предлог-кандидати за градоначаник од Демократската партија.

ПД има 37 места во италијанскиот Сенат и 17 во Европскиот парламент, а претседател е Николо Ѕингарети.

Локалните избори во Торино ќе се одржат во октомври. Актуелна градоначалничка е Кјара Апендино од партијата Движење 5 ѕвезди на комедијантот Бепе Грило.

Маркизио речиси целата своја кариера ја мина во Јувентус, клубот каде што и ги направи првите фудбалски чекори. Една сезона играше како позајмен во Емполи, а кариерата ја заврши со една сезона во руски Зенит пензионирајќи се во 2019 година. За репрезентацијата на Италија одигра 55 натпревари и постигна 5 голови.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Фудбал

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Читај повеќе

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Читај повеќе