Легендарниот Бразилец, поранешен капитен на Реал Мадрид, Марсело (36), замина во пензија. Во кариерата одигра 721 натпревар, постигна 58 голови и забележа 117 асистенции. Се пензионира како еден од најтрофејните фудбалери во историјата на Реал и со статуст на еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот.

Бразилскиот клуб Флуминенси му го раскина договорот на почетокот на ноември минатата година по инцидентот што се случи неколку дена претходно на мечот со Гремиу (2:2).
Имено, тренерот на Флуминенсу, Ману Менезис, го подготви Марсело да влезе во игра, а потоа во последен момент ја повлече таа одлука и го врати на клупата.
Како што може да се види на видеото, Менезис нешто му објаснува на Марсело, потоа му се налутува и ја откажува замената. Според една верзија на настаните, Марсело му рекол на Менезис да не го „допира“, додека друга верзија на настаните вели дека Марсело одбил да исполни одредени тактички замисли на Менезис. Поради тоа клубот презеде драстични мерки.
Fluminense manager Mano Menezes was ready to sub on Marcelo last night and was in the middle of giving him instructions, when Marcelo told him not to touch him.
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 2, 2024
So the manager pushed him back on the bench and didn't sub him on anymore. 🤯😂pic.twitter.com/LKqx7yJnt1
Последниот натпревар го одигра на 26 ноември минатата година кога одигра 16 минути на пријателскиот натпревар на Флуминенси против Виторија.
Откако во 2005 година дебитираше за Флуминенси и постигна гол на тој натпревар, набрзо на 18-годишна возраст потпиша договор со Реал Мадрид. Во клубот остана до 2022 година и со него 6 пати ја освои Ла Лига и 5 пати Лигата на шампионите, а вкупно со освои 25 трофеи. За Реал одигра 546 натпревари.
Победникот на Купот на конфедерациите во 2013 година со Бразил во кариерата одигра и 10 натпревари за Олимпијакос.