Марш под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“ по повод 8 Март

По повод Меѓународниот ден на жената и под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“, денеска група граѓани излезе на петтиот протестен марш со цел  потсетување на институциите за барања кои се однесуваат на женските права.

Маршот за правата на жените започна пред МВР, од каде беше упатена порака во име на, како што изјави Марија Савова, понижените, малтеритираните, застражуваните, прогонуваните, тепаните и убиените, жени и девојки.

„Денеска ја изрекуваме следнава пресуда, виновни се за соучество во злосторство сите кои имаат моќ, ресурси и одговорност да обезбедат достоинство, правда безбедност и заштита на личната сигурност и животот на жените и девојките, а не го прават тоа, сите кои се овластени да ги откриваат, спречат, гонат и затвараат насилниците, а не го прават тоа, сите кои се овластени должни и платени да обезбедат услуги и поддршка на жртвите да преземат контрола врз сопствените животи, а не го прават тоа сите кои помогнале во опстојување на криминалот и предизвикале штета свесно или несвесно со сторување или несторување, а не смееле да го направат тоа. На виновниците им се изрекуваат следните забрани: забрана за неработење, игнорирање, нечовечки однос и обвинување на жртвите, забрана за толерирање и оправдување на криминалот и насилниците, забрана за прикривање на криминалот и насилниците, забрана за оправдување за сопственото неработење и префрлање одговорноста други, забрана за постапување врз основа на лични ставови и предрасуди и уверувања на штета на жртвите. Виновниците се задолжуваат да си ги оправдаат позициите и да си ја сработат платата, да обезбезбедат поврзани институции, јасни правила и професионалци на кои ќе им поверуваме дека ќе му стават крај на насилството врз жените и родовото насилство“, рече Савова.

Барањата, како што потенцираа, се однесуваат на контрола и затвор за насилниците, навремени квалитетни услуги и поддршка за жените и девојките жртви на насилство.

Додадоа дека посебно се задолжуваат МВР и Јавното обвинителство да одговорат на барањата кои им биле доставени и добро познати.

„Маршираме за да ги потсетиме институциите, МВР и Јавното обвинителство, дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања, а тие се Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство, Кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени, сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик, професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции. Ние сме тука ве следиме и нема да ве оставиме на раат“, истакна Савова.

Маршот заврши во паркот Жена борец, од каде се испрати порака дека денешниот марш е повик за оваа држава конечно да почне да постапува за кривичните дела кои што секојдневно им се случуваат на жените, и конечно да покаже дека навистина се грижи за половина од своето население, но и за важноста на сеопфатното сексуално образование.

„Сексуалното образование е доста важно, бидејќи тоа не учи на нашите права и работи на превенцијата на нивно прекршување, како насилството кое реално го чуствуваме во секој аспект од нашиот живот, и за крај жртвата никогаш не е виновна без разлика на ништо“, порача една од учесниците.

„Случајот јавна соба е чист показател за тоа дека е потребно сеопфатно образование во родовата настава, знаењето и едуцирањето на младите за правата и што може да се случи доколку тие се прекршени ќе доведе до едно посигурно и побезбедно место за живеење“, додаде друга учесничка.

„На 18 декември 1979 година на Генералното собрание на Обединетите Нации беше усвоена Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискримнација врз жените. Конвенцијата зазема важно место во приближувањето на женската половина на човештвото во фокустот на загриженоста за човековите права. Меѓутоа, на жените Ромки три пати им е потежок пристапот до таканаречениот спектар од загарантирани права, зошто?! Бидејќи каде и да отидеме ние наидуваме на затворени врати, намуртени лица, дискриминација, невреднување на нашиот труд, образование, професионалност и индивидуа пред сè. Ромите, како што знаете, се соочуваат со социјална исклученост, дискриминација, и нееднаков пристап до здравствени услуги, образование, домување и вработување.Тие и понатаму остануваат незастапени на пазарот на труд со висока стапка на невработеност, па така невработеноста ни влијае врз економските активни Ромки, нивната стапка на невработеност изнесува 58 отсто во 2017 година и со тоа тие изнесуваат 46 отсто од вкупното население кое е невработено“, изјави една од учесничките на маршот.

Додаде дека недоволната застапеност на Ромите во институциите особено незастапеноста на жените и девојките Ромки не  влева ни мала надеж дека некој ќе има слух за нивните проблеми.

„Ако сакаме еднаквост, можности, почитување на меѓународните начела за правична застапеност, недискриминација промоција на можности за жени од малцински заедници како што е ромската, тогаш навистина треба да се даде шанса при вработување, при едукација. Ромките одат напред се образуваат, се конкурентни на пазарот на трудот, придонесуваат за македонското општество, растат и воспитуваат генерации кои ќе бидат двигатели на промени. Жените во светот сакаат и заслужуваат еднаква иднина ослобоени од стигми, стереотипи и насилство, иднина која е одржива мирна со еднакив права и можности за сите затоа одиме понатаму бидејќи на светот му требаат жени кои ќе седат на секоја маса на кои се донесуваат важни одлуки“, порачаа учесничките на маршот.

Истакнаа дека е веќе доста да бидат осудувани кога го пријавуваат насилството.

„Доста ни е, посочија, од тоа наоколу да бидиме осудувани за тоа што гласно и јавно зборуваме кога сме жртви, доста ни е од тоа на овие институции да не им е гајле за нас, доста ни е и затоа ова е последна шанса на оваа држава да покаже дека и е гајле за нас и дека не е насилник и не е силувач затоа што држава што не постапува е држава што силува“.

Маршот го организираше Платформата за родова еднаквости активистките за женски права.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе