Маск доби предупредување: Никој не е над законот

Кајгана / МИА
/ 11.11.2022 / 08:23

Бурното преземање на Twitter од страна на Илон Маск и вчера продолжи да предизвикува конфузија во јавноста, посебно по оставките на првите луѓе на оваа социјална мрежа и реткото предупредување од американската антимонополска агенција (FTC).

-Со голема загриженост ги следиме најновите случувања на Twitter. Ниту еден извршен директор или компанија не е над законот, изјави портпаролот на регулаторот FTC.

Портпаролот потсети дека платформата мора да биде во согласност со одредени правила, согласно условите од договорот потпишан со Агенцијата за безбедност и доверливост на податоците.

Договорот, што беше изменет годинава, „ни дава нови алатки за да се увериме дека тој ќе се почитува и ние сме подготвени да ги искористиме“, додаде портпаролот, мислејќи на казната што може да ја наложи FTC.

Сопственикот на Tesla и на SpaceX пред една недела отпушти половина од вкупно 7.500 работници на калифорниската компанија, десет дена откако го презеде и стана нејзин единствен извршен директор.

Стотици други вработени си заминаа уште летово, а оставките на раководството на компанијата продолжија и минатата недела. Washington Post пишува дека неколку директори си заминале, вклучувајќи ги и раководителите за доверливост на податоците и деловно усогласување.

Маск загрижува многу власти, огласувачи, организации за заштита на малцинствата и корисници.

Тој постојано се обидуваше да ги смири сите со напомена дека не е променето модерирањето на содржините и заштитата од злоупотреба на платформата.

Но, одлуките што ги носи на брзина и неговите провокации на Twitter веќе две недели поттикнуваат различни контроверзии. 

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе