Домородното население Марубо, кое живее во мали колиби покрај реката Итуи во Амазон, доби интернет, а со тоа и многу проблеми.

Тие добија пристап до брз интернет преку Starlink на Маск, а заедницата ја прифати технологијата, зачудена што сега можат да се јават на 911 кога некој ќе биде каснат од отровна змија или да контактираат со далечни роднини.
Но, откако техничарите пристигнаа во кампот со антени за да го поврзат на интернет далечното племе од 2.000 луѓе, имаше некои помалку посакувани последици. Критичарите предупредуваат дека членовите на племето станале мрзеливи и времето го поминуваат лежејќи се во хамаки и цел ден залепени за телефоните за да пишуваат пораки на WhatsApp или да разговараат со непознати на Instagram.

Освен тоа, веќе има извештаи за млади мажи кои станале сексуално агресивни откако откриле порнографија, изјави за The New York Times Алфредо Марубо, водач на Здружението на жители на Марубо.
Младите мажи израснати во култура каде што бакнувањето во јавност се смета за скандалозно, сега споделуваат експлицитни видеа едни со други во групни разговори, вели водачот.
„Се грижиме дека младите ќе сакаат да го пробаат тоа“, рече тој.
Алфредо предупреди дека припадниците на племето престанале да разговараат со своите семејства откако добиле пристап до интернет. Еден племенски старешина, Цаинама Марубо, вели дека сите „биле среќни“ кога пристигнал интернетот, но сега работите се смениле на полошо.
Поради сето ова, племето морало да воведе строги правила за користење на интернет.
Еден од лидерите, Еноке Марубо, објасни дека го вовеле дневниот лимит за користење на интернет бидејќи неговото воведување „толку ја променило рутината што станала штетна“. Членовите можат да сурфаат на интернет 2 часа наутро и 5 часа попладне и цела недела.