Маски со политичка порака: Македонскиот фотограф Теофиловски во изборот на The Guardian
Онлајн изданието на The Guardian објави галерија со фотографии на кои луѓето пренесуваат политичка порака преку нивните заштитни маски.
Во галеријата со фотографии снимени ширум светот, насловена „Masked not muzzled - the art of the political mask“ (Маскирани, не замолчени – уметноста на политичката маска), застапен е и македонскиот фотограф Огнен Теофиловски, чија фотографија од предизборен митинг на коалицијата Можеме за предвремените парламентарни избори ја објави новинската агенција Reuters.
Во изборот се вклучени интересни маски со политичка порака, како борба против климатските промени, поддршка за ЛГБТ+ заедницата и движењето Black Lives Matter и други политички и граѓански каузи.