Масовен протест во Атина, Ципрас и Варуфакис заедно со демонстрантите

Масовно и со мали тензии на крајот, заврши протестот во центарот на Атина за одбележување на Денот на трудот, но и против новиот закон за работни односи на грчката Влада, јави дописничката на МИА.

Протестот, организиран од Синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) беше поддржан и од опозициските СИРИЗА и МЕРА25, а заедно со демонстрантие беа и лидерите на двете партии Алексис Ципрас и Јанис Варуфакис.

Од СИРИЗА присутни беа голем дел од пратениците и поранешните министри, додека пак Ципрас во изјава за медиумите рече дека „додека во целиот свет пандемијата ги тера владите да сфатат дека човечкиот живот е над профитот, Владата во Грција се движи во спротивна насока“ и се обидува да ја искористи пандемијата како можност за да наметне укинување на осумчасовното работно време.

– Денешниот одговор на вработените, со нивното масовно учество во штрајкот, е порака: ова ќе биде водечка битка за одбрана на правото на живот и достоинство на работниците и на мнозинството од народот и оваа битка ќе ја водиме до крај, порача Ципрас, кој го предводеше блокот на СИРИЗА и маршираше низ улиците во Атина.

Протестот генерално помина мирно, со исклучок на крајот, кога неколку лица фрлија три молотови коктели, но без да има дополнителни инциденти, а паралелно беше фрлена боја и беа испишани слогани на зградата на Банката на Грција.

На протестот, што е во рамките на 24-часовниот штрајк, учествуваа и левичарски ориентирани организации и здруженија, а Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија, како и секогаш, одржа посебен собир пред грчкиот Парламент.

Денешниот штрајк предизвика проблеми во морскиот и авионскиот сообраќај во Грција, како и во јавниот превоз во Атина.

Бродовите се закотвени на пристаништата, а на атинскиот аеродром немаше летови во периодот од 11 до 15 часот поради четиричасовниот прекин на работа на Унијата на грчките контролори на летање.

Од јавниот превоз во Атина, денеска единствено функционираат автобусите, со оглед на тоа дека вработените во метрото, тролејбусите и трамвајот, учествуваат во 24-часовниот штрајк, нешто што во комбинација со затворените улици поради протестот создаде и проблеми и застој во сообраќајот во Атина.

Од Синдикатот на вработените во јавниот сектор, велат дека Владата, со конкретниот закон за работни односи, меѓу другото, планира да го укине осумчасовното работно време и петте работни денови во неделата и да воведе десетчасовна работа, да ги укине колективните договори, но и да го попречи правото на штрајк.

Денот на трудот во Грција оваа година се одбележува два пати – денеска и во вторникот, со оглед на тоа што се поделија синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор, па така, оној на вработените во приватниот сектор завчера одржа 24-часовен штрајк, но без да организира протести.

Сепак, и од двата синдиката оваа година, Денот на трудот го посветуваат на новите измени во законот за работни односи што ги носи Министерството за труд на Грција и упатуваат порака дека не смее во никој случај да се промени осумчасовното работно време.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе