Масовна прослава на шампионската титула на Интер

Повеќе од 30.000 навивачи на Интер на плоштадот Дуомо бучно ја прославија првата шампионската титула на клубот, по пауза од 11 години.

Навивачката прослава почна спонтано откако второпласираната Аталанта ремизираше на гостувањето кај Сасуоло (1:1) што на Интер му донесе недостижни 13 бодови предност на четири кола пред крајот на италијанското првенство.

И покрај забраната за групни собирања и мерките за социјална дистанца, илјадници навивачи на Интер со „сино – црни“ знамиња, димни бомби и пеење навивачки песни го „окупираа“ плоштадот пред миланската катедрала.

-Ова е ослободување по едногодишно страдање, изјави еден навивач на Интер, додека друг додаде „денеска ја славиме титулата, утре ќе размислуваме за вирусот“.

Играчите на Интер титулата ја прославија на социјалните мрежи.

-Сонот стана стварност, напиша Ромелу Лукаку, кој на Instagram објави видео како вози низ градот со развиорено клупско знаме.

Творецот на шампионскиот Интер, Антонио Конте, рече дека ова е еден од најголемите успеси во неговата тренерска кариера.

-Среќни сме поради сите овие луѓе кои работеа Интер да ја освои титулата. Ова е еден од најважните успеси во мојата кариера, изјави Конте.

Remote video URL
Тагови
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе