Матиќ спас за српскиот фудбал гледа во Видиќ

Немања Матиќ се повлече од репрезентацијата откако Србија не успеа да се пласира на Европското првенство, а причините ги наведе во лошото раководење на Фудбалскиот сојуз.

Играчот на Манчестер Јунајтед, кој по мајка е Македонец од тетовското село Волковија, преку објава на Twitter извести дека напишал соопштение за проблемите во српскиот фудбал кое го испратил во медиумите.

URL

„Почитувани љубители на фудбалот во Србија“, почнува Матиќ. „Останав должен да објаснам за причините поради кои се повлеков од репрезентацијата на Србија. Пред почетокот на квалификациите за ЕУРО на луѓето во ФСС им посредочив за неколку работи кои би можеле да нѐ чинат пласман. Им рекв дека доколку тие работи не се променат ќе налетаме на некоја мала, но озбилна репрезентација и ќе ни ја наполни мрежата (ни се случи 5:0 од Украина). Исто така, им реков дека нема да се пласираме ни преку Лигата на нации (таму ни се случи Шкотска)“, пишува Матиќ.

Потоа Немања пишува за тоа како Хрватска за претседател го има Давор Шукер, а Црна Гора го има Дејан Савичевиќ, двајца великани на фудбалката игра. Смета дека таков човек ѝ е потребен и на Србија каде на чело е бизнисменот Славиша Кокеза.

„Решението за спас на нашиот фудбал е едноставно: Немања Видиќ. Сметам дека со својата работа, почитта, фудбалското знаење, професионализмот и посветеноста на фудбалот е способен нашиот фудбал да го однесе во фудбалскиот врв, каде и сам беше како играч“.

Инаку, братот на Немања, Урош Матиќ, пред неколку години сакаше да настапува за репрезентацијата на Македонија за која има право бидејќи дедо му е роден во Тетовско. За жал, поради административни проблеми до ден денес не заигра.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе