ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2024

Матс Хумелс летна за Италија: Следува потпис со Рома

Гигантот од Рим практично ја заврши работата околу ангажирањето на германскиот дефанзивец Матс Хумелс, па тренерот на овој клуб, Даниеле Де Роси, ќе добие големо засилување во тековната сезона.

Хумелс моментално е без ангажман, бидејќи договорот со Борусија од Дортмунд му истече на крајот од минатата сезона, а сѐ уште нема намера да ја заврши кариерата иако веќе има 35 години.

Италијанските медиуми пренесуваат дека се водат преговори меѓу претставници на Рома и Хумелс, кој наводно од римскиот клуб бара плата од 2,5 милиони евра по сезона. Германецот е на пат кон главниот град на Италија и се очекува овој трансфер да биде комплетиран во следните неколку дена.

Хумелс утринава дури и беше снимен на минхенскиот аеродром како ја чекира картата за Вечниот град, каде веќе слета на аеродромот „Леонардо Да Винчи“ близу Фјумичино.

Дефанзивецот наводно одбил понуди од Баер Леверкузен, Ајакс, Вест Хем, Реал Сосиедад, Спортинг, Болоња, Мајорка, како и неколку клубови од Саудиска Арабија.

Покрај за Борусија Дортмунд, Хуленс играше и за Баерн, а за репрезентацијата на Германија одигра 78 натпревари и постигна 5 гола.

Со Хумелс во одбраната Де Роси ќе има слатки маки да бира меѓу него, Џанлука Манчини, Еван Ндика и Марио Ермосо. Рома летово ја напуштија двајца стопери: прво Мараш Кумбула замина на позајмица во Еспањол, а деновиве Крис Смолинг се пресели во саудискиот Ај Фајха.

реклама

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Read more

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Read more

Путин со часови разговараше со најблиските луѓе на Трамп

Read more

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Read more

Фудбал

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Read more

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Read more

Инцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на играч

Read more

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Read more

Спорт

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе
  • play_arrow

Инцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на играч

Читај повеќе

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе