Мажите кои изневеруваат тоа го прават поради една од овие причини

Мажите и жените можат да изневеруваат од различни причини, објаснува брачниот и семеен терапевт Шејн Биркел. Но, се забележува дека тоа е веројатно повеќе поради начинот на кој мажите и жените се социјализирани отколку поради вродените разлики меѓу нив.

Колку повеќе како општество се оддалечуваме од социјализацијата и патријархатот, толку помалку се видливи родовите разлики во изневерувањето.

Сепак, до денес некои истражувања покажаа дека е поверојатно мажите повеќе да изневеруваат од жените, со оглед на тоа што 20 проценти од мажите признале дека изневеруваат во однос на само 13 проценти од жените.

Неколку причини поради кои мажите изневеруваат во врската:

1. Бараат излез

„Понекогаш, кога мажите изневеруваат, тоа е затоа што се обидуваат да се извлечат од врската, а првиот чекор е токму тоа“, вели психотерапевтот Кен Пејџ.

Мажите многу поретко водат тешки разговори со партнерката за личните потреби и врската ако бараат излез, неверството го сметаат за средство за постигнување на целта, се согласува Биркел.

2. Имаат социопатски или нарцисоидни особини

Ако партнерот изневерува, особено сериски, тогаш би можел да има социопатски тенденции или нарцистички особини.

„Тоа се луѓе кои едноставно не се грижат за тоа како се чувствува нивниот партнер и штом нешто сакаат, тоа и го прават и според нив тоа е сосема легитимно“, објаснува Пејџ.

Биркел додава дека таквите типови често изневеруваат кога ќе се укаже можност за неверство, немаат добра способност за разбирање на туѓите емоции, едноставно се нарциси.

3. Неверство од одмазда

Некои луѓе глумат и изневеруваат од бес, љубомора или желба за одмазда, вели Биркел. Дури и ако партнерот не ги изневерил, ако направиле нешто со што го вознемириле партнерот, на крајот ќе изневерат за да ја остварат поентата и да се осветат.

4. Се борат со своето ментално здравје

Пејџ вели дека депресијата и анксиозноста можат да го зголемат импулсивното однесување бидејќи ако се интензивни тоа може да ја влоши потребата за олеснување, а тоа олеснување често може да дојде во облик на исфрлање на сексуалната напнатост надвор од врската.

5. Бараат потврда

Чувството на несигурност и ниска самодоверба може да натераат некого да изневерува, особено ако тоа не го добиваат во врската, велат Пејџ  и Биркел.

„Ако луѓето не се чувствуваат доволно привлечно за својот партнер можат да изневерат барајќи признание надвор од врската“, објаснува Пејџ.

6. Емоционално се незрели

Мажите кои изневеруваат се емоционално незрели, научени да не зборуваат за нивните чувства.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе