ЛИГ 1 2021/22

Мбапе ќе мора да се помири доколку Меси постигне повеќе голови

Три сезони со ред Мбапе е најдобар стрелец во француската лига, но од сезонава има огромна конкуренција во Лео Меси и тоа токму во неговиот тим.

Килјан Мбапе царува во Лиг 1 веќе три сезони. Прв пат титулата најдобар стрелец ја освои во сезоната 2018/19 кога погоди 33 пати, наредната ја подели со Висам Бен Једер од Монако откако и двајцата постигнаа по 18, но тогаш сезоната се прекина поради пандемијата, додека мнинатата сезона со 27 гола повторно беше најдобар.

Но, сега во Лиг 1 игра и Лео Меси, кој во Ла Лига дури 8 сезони ја освојуваше наградата за најдобар стрелец, а тоа му успеа и во минатите пет сезони по ред.

„Тој ќе мора да се адаптира на новата ситуација. Но, со Меси крај него ќе напредува уште повеќе. Доколку има интелигенција да се движи добро и да го искористува просторот кој Меси и Нејмар ќе го создаваат, често ќе се наоѓа во добри ситуации благодарение на нивната способност за проигрување, и со тоа ќе постигнува и многу голови“, вели поранешниот голгетер на ПСЖ, Португалецот Педру Паулета.

„Фактот што тој може да игра на било која страна, како и на средината, му е тајно оружје. Но, со тоа доаѓа и ризикот дека секогаш некој од нив тројца ќе постигнува помалку голови. Доколку тоа е случај со Килјан, ќе мора да го прифати тоа“, додава тој.

ПСЖ сезонава ќе има фатастичен напад предводен од триото Меси, Нејмар и Мбапе, додека од клупата шанса ќе чека Мауро Икарди.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе