Реал Мадрид ја прекина серијата од два порази во Лигата на шампионите со победата од 2:3 на гостувањето кај Аталанта.
За Реал погодија Килјан Мбапе, Винисиус и Џуд Белингем, додека за Аталанта погодија Шарл де Кетеларе и Адемола Лукман. На Реал му недостасуваат многу важни играчи, но Карло Анчелоти ги имаше на располагање сите најважни играчи во нападот.
Винисиус се врати, а кралскиот клуб тргна на победа против Аталанта, која влезе во игра во серија од десет победи. Килјан Мбапе погоди во 10. минута. Нему му асистираше Брахим Дијаз, а Французинот погоди од 15 метри. Но во 35. минута мораше да си замине поради повреда и беше заменет од Родриго.
Францускиот напаѓач само седна на тревникот, а Родриго веднаш го облече дресот бидејќи беше јасно дека мора веднаш да игра.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти по мечот изјави дека не се работи за сериозна повреда, туку дека смета дека е само преголем напор за Мбапе.
Реал има проблеми со повреди цела сезона. Ферланд Менди, левиот бек нема да игра до крајот на годината. Десниот бек Дани Карвахал нема да игра до крајот на сезоната, а под знак прашалник е кога ќе се вратат Едуардо Камавинга, Давид Алаба и Едер Милитао.