Мбапе стана трет најдобар стрелец во историјата на ПСЖ

Синоќешниот хет-трик против Барселона го искачи младиот Килјан Мбапе во топ 3 на вечната листа кај „Светците“.

Има само 22 години, а веќе си обезбеди место помеѓу легендите на клубот. Килјан Мбапе синоќа ѝ даде три гола на Барселона со кои дојде до бројката од 111 голови постигнати во дресот на Пари-Сен Жермен во сите официјални натпреварувања.

Со вчерашниот хет-трик го надмина Португалецот Педру Паулета кој во периодот од 2003 до 2008 година стрелаше 109 пати и го истисна од топ 3.

На врвот и натаму води Единсон Кавани со 200 голови, пред Златан Ибрахимовиќ со 156. Но, како тргнал младиот Мбапе, доколку не си замине, сигурно ќе ги мине и двајцата бидејќи до оваа бројка стигна играјчи ја својата четврта сезона во клубот.

Топ 10 најдобри стрелци во историјата на ПСЖ:

  1. Единсон Кавани 200 (301, 2013-2020) - Уругвај
  2. Златан Ибрахимовиќ 156 (180, 2012-2016) - Шведска
  3. Килјан Мбапе 111 (153, 2017-) - Франција
  4. Педру Паулета 109 (211, 2003-2008) - Португалија
  5. Доминик Рошето 100 (254, 1980-1987) - Франција
  6. Мустафа Дахлеб 98 (310, 1974-1984) - Алжир
  7. Франсоа М'Пеле 95 (217, 1973-1979) - Конго
  8. Анхел Ди Марија 86 (246, 2015-) - Аргентина
  9. Сафет Сушиќ 85 (344, 1982-1991) - Југославија
  10. Нејмар 83 (103, 2017-) - Бразил

Во заграда се бројот на одиграни натпревари и периодот кога играчот настапувал за клубот.

Remote video URL
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе