Мечка му влезе в куќа, успешно се одбрани и ја избрка

Волтер Хикокс, жител на американската сојузна држава Флорида, успеал да се одбрани себеси и своите кучиња од мечката која влегла во неговата куќа.

Видеото на кое се гледа борбата на Хикокс со мечката стана популарно на социјалните мрежи, а официјални лица велат дека ова е втор напад на мечка за само една недела на Флорида.

„Сѐ што ми минуваше низ глава беше што ќе се случи ако помине покрај мене, бидејќи мојата сопруга и двете кучиња беа во куќата“, изјави Хикокс за WFTV.

Снимка од неговата борба со американската црна мечка е снимена од надзорна камера, а на неа се гледа како мечката влегува во тремот од куќата во Дејтонa Бич. Хикокс ја турка мечката и успева да ја исфрли од тремот, а потоа ја блокира вратата со клупа. Тој е само полесно повреден во тепачката со животното и вели дека ќе постави нова врата на тремот, како и дека ќе набави спреј за растерување мечки. Локалните власти соопштија дека мечката од видеото не е фатена.

Remote video URL

Официјалните лица ги предупредија локалните жители да избегнуваат мечки по секоја цена, бидејќи ова е втор напад на животното врз луѓе за една недела. Претходно мечка нападна жена додека шетала куче во Дебари. Како што објаснуваат од Комитетот за заштита на природата на Флорида, мечка ненадејно скокнала пред жената, фрлајќи ја на земја. Жената била полесно повредена.

Подоцна во близина била пронајдена млада мечка со три младенчиња. Мечката била застрелана поради опасност за луѓето, според официјални лица од Флорида, додека мечињате биле ослободени.

Според официјалните податоци од Флорида, мечките живеат на 49% од територијата на оваа американска сојузна држава.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе