Мед и цимет - навистина ли помагаат во губењето килограми?

На социјалните мрежи на големо се споделува „магичен“ пијалак кој го забрзува метаболизмот и помага при слабеење, а е направен од мед, цимет и вода.

Меѓутоа, нема доволно докази дека овие две состојки во комбинација помагаат при слабеење, но имаат некои други придобивки. Така, циметот и медот се одлични за здравјето и можат да имаат антиинфламаторно дејство.

Циметот е зачин кој често се користел во минатото и има многу лековити својства. Истражувањата покажуваат дека има антимикробно и антипаразитарно дејство, содржи антиоксиданси, го намалува крвниот притисок и холестеролот. Може да помогне и во заздравување на раните.

Медот исто така има бројни придобивки. Тоа е антимикробно средство кога се применува локално. Поради својата густина, ниската pH вредност и водород пероксид произведен од неговите ензими, може да спречи бактериска инфекција. Исто така е одличен сојузник во сузбивањето на кашлицата.

Иако постојат бројни тврдења за тоа како циметот и медот влијаат на метаболизмот, нивното заедничко дејство сè уште не е доволно истражено. Студија од 2011 година покажа дека замената на шеќерот со мед може да спречи зголемување на телесната тежина. Од друга страна, циметот е познат како состојка која помага во намалување на шеќерот во крвта.

реклама

Здравје

Објавена листа на земји со највисоки стапки на дијабетес, каде се рангира Македонија?

Read more

Како доаѓа до предозирање со алкохол и какви последици по здравјето може да остави?

Read more

Кога да се посомневате во проблеми со тироидната жлезда?

Read more

Што открива бојата на вагиналниот исцедок и кои се последиците ако го игнорираме?

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе