Филм & ТВ

„Медена земја“ е најдобар документарец за 2019 според њујоршките филмски критичари

5. декември 2019 - 10:06 | МИА/КАЈГАНА

Организацијата на филмски критичари од Њујорк  (New York Film Critics Circle – NYFCC) го избра „Медена земја“ (Honeyland) за најдобар документарен филм за 2019 година.

Според изборот на NYFCC, најдобар филм во 2019 е „The Irishman“ на Мартин Скорсезе. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на гала-вечер на 7 јануари во Њујорк.

„Медена земја“ минатиот месец освои две награди и на Изборот на критиката за документарци во САД во Њујорк. На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена награда за најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

Филмот е и меѓу петте номинирани за најдобар документарец на Европските филмски награди за 2019 година кои ги доделува Европската филмска академија (ЕФА).

За овој избор одлучуваат гласовите на 3.600 членови на ЕФА, а победниците ќе бидат прогласени на свеченост задутре (7 декември) во Берлин.

Ако уште сте немале прилика да го погледнете, документарецот „Медена земја“ ќе се прикажува од 7 до 13 декември во Кинотека на Северна Македонија во следниве термини:

7 декември (сабота), 20:00 ч.

9 декември (понеделник), 18:00 ч.

11 декември (среда) 20:00 ч.

12 декември (четврток) 18:00 ч.

13 декември (петок), 20:00 ч.

Коментирај