АТП ВИМБЛДОН 2024

Медведев го елиминираше носителот број 1, Јаник Синер

Рускиот тенисер Даниил Медведев го победи Јаник Синер во четвртфиналето на Вимблдон.

Јаник Синер е елиминиран од Вимблдон веќе во четвртфиналето. Даниил Медведев го совлада светскиот тенисер број еден на Централниот терен со 3-2, или 6:7 (7:9), 6:4, 7:6 (7:4), 2:6, 6:3. По 4 часа голема борба и пресврти, Русинот е оној што се пласира во полуфиналето на третиот Грен слем во сезоната.

Италијанецот имаше здравствени проблеми, побара лекарска помош на средината од мечот, но и по сето тоа сосем рутински го доби четвртиот сет и се чинеше дека кризата помина и ќе ја заврши работата во решавачкиот сет. Така не мислеше Даниил, кој направи брејк во четвртиот гем и го задржа водството до крајот.

Ова ќе биде второ последователно полуфинале на Вимблдон за Русинот, кој лани рутински загуби од Карлос Алкарас (6:3, 6:3, 6:3). Можеби ќе има шанса да му се одмазди, бидејќи во второто четвртфинале Шпанецот игра против Американецот Томи Пол.

„Првиот пат победив на два меча на Централниот терен на Вимблдон, обично победувам еден или ниту еден, така што ова е веќе рекорд. Видов дека врне и погледнав во семафорот и видов дека Алкарас и Пол играат 50 минути и резултатот беше 4:4, па се прашував што прават таму“, се насмеа Даниил.

Remote video URL

Овој пораз нема да влијае на првото место, Јаник ќе остане на чело на АТП листата, но во случај Ѓоковиќ да ја освои титулата би можел да му се доближи и да му се заканува во наредниот период. Но, за такво нешто Ноле ќе мора прво да го одигра мечот со Алекс де Минор во четвртфиналето.

реклама

Пијте го пред спиење: Напиток што го намалува шеќерот и помага при слабеење

Read more

Благодарение на еден трик засадените домати ќе имаат повкусни и поголеми плодови

Read more

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Read more

Приведен скопјанецот во чија куќа беа најдени четирите издрогирани деца

Read more

Тенис

Вимблдон зад сцената: Како се реализира тениски пренос?

Read more

Ѓоковиќ го прозва својот долгогодишен спонзор

Read more

Медведев го елиминираше носителот број 1, Јаник Синер

Read more

Откриена вистинската причина за лутата реакција на Ѓоковиќ на Вимблдон

Read more
 

Спорт

Зошто ниту еден белгиски град не сака да биде домаќин за репрезентацијата?

Читај повеќе

Кој ќе биде најдобар стрелец на ЕУРО? УЕФА го смени правилото

Читај повеќе

Ван дер Варт: Англија е ср*ње од екипа

Читај повеќе

Американците најголеми фаворити, ФИБА ги потцени Србија и Канада

Читај повеќе

Ламин Јамал - ниту едно не му е презиме

Читај повеќе

Мојсов: И во Исланд ќе одиме на победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиквеш го обели образот на македонскиот фудбал во Европа

Читај повеќе

ФИА потврди шест трки за сезоната 2025

Читај повеќе

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Читај повеќе