Медведев: Олимписките игри во Париз се чист срам, сè треба да се урне и повторно да се изгради

Макфакс/Кајгана
/ 30.07.2024 / 09:05

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Олимписките игри во Париз се чист срам и дека олимпиското движење треба да се разбие и повторно да се изгради врз транспарентни спортски принципи.

Медведев додаде дека светските спортски организации и меѓународното олимписко движење долго време претставуваат бирократски, корумпирани заедници.

Според него, спортските функционери се главно „помпезни, важни лидери на меѓународните федерации со чаши скап шампањ и сјај во очите“, но всушност тоа се „безлични корумпирани функционери за кои затворот плаче“ и кои ги интересираат само „бескрајните забави, фрлање пари, навестувања, сојузи и други криминални глупости“.

„Она што може да се види таму е чист срам“, рече тој.

„Поентата не е во тоа што нè избркаа од некаде и нè прогласија за светски негативци. Немам илузии – спортот стана голем бизнис. Се чини дека дојде време сè во таа криминална организација да биде разбиено по ѓаволите и организацијата повторно да се изгради – на чисти, транспарентни спортски принципи. Според заветите на Пјер де Кубертен. Да живее МОК 2.0!“, напиша Медведев на својата страница на руската социјална мрежа ВКонтакте, коментирајќи ги Олимписките игри кои започнаа во Франција.

реклама

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Свет

Активисти му упаднаа на Макрон: Зошто сè уште купуваме ураниум од Русија?

Read more

Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико, вклучени се и кучиња трагачи

Read more

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Кошта: Русија е единствениот победник во војната на Блискиот Исток

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител, одлучи Владата

Читај повеќе

Владата уверува: Нема недостиг од гориво, Македонија е со најниска цена во регионот

Читај повеќе

Скопјанец ги нападнал поранешната партнерка и нејзиното момче

Читај повеќе

Мицкоски ќе побара од супермаркетите да не ги зголемуваат веднаш цените на производите

Читај повеќе
  • play_arrow

Активисти му упаднаа на Макрон: Зошто сè уште купуваме ураниум од Русија?

Читај повеќе

Евакуирани уште 125 македонски државјани со лет од Дубаи

Читај повеќе

Професор во Скопје уапсен за сексуално вознемирување на ученичка

Читај повеќе

Саудиска Арабија го намалува производството на нафта

Читај повеќе

Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико, вклучени се и кучиња трагачи

Читај повеќе