Медведев: Во Русија нема лудаци кои бараат употреба на нуклеарно оружје

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, го коментираше руското лансирање на балистичката ракета Орешник како момент кој го менува текот на војната во Украина и ги продолжува мировните преговори.

Лансирањето на балистичката ракета Орешник на индустриски комплекс во Днепар дополнително ја зголеми опасноста од ескалација на употребата на нуклеарно оружје.

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, исто така ја коментираше новата фаза од украинско-руската војна и преговорите за нејзино прекинување.

„Ова, се разбира, го менува текот на специјалната воена операција“, рече Медведев, коментирајќи ја употребата на Орешник.

Останува да се види какви ќе бидат глобалните импликации по руската демонстрација на новата ракетна технологија, со оглед на тоа што по доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа се очекуваат преговори за завршување на војната во Украина.

„Ова нема да остане без последици. Ова, се разбира, се однесува на преговорите што ги споменавте, кои сѐ уште се многу далеку, а таквите настани само ги одложуваат. Но, тоа се однесува и на општата ситуација“, додаде Медведев.

Од друга страна, Владимир Путин нагласи дека провокативната политика на западните земји може да доведе до сериозни последици доколку конфликтот продолжи да ескалира.

Во тој поглед, најголем страв на светската јавност е руската можност да користи нуклеарно оружје како мерка за освета или одмазда кон Киев.

„Москва не би сакала никогаш да се користи нуклеарно оружје, бидејќи во руското раководство нема лудаци кои би го побарале тоа“, заклучи Медведев.

реклама

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Еротски микс

Read more

Елегантна и заводлива: Моника Белучи мамеше погледи во Дубаи

Read more

Свет

Орбан: Војната во Украина може да стане Авганистан за ЕУ

Read more

Северна Кореја: Америка треба да се откаже од воените закани

Read more

Орбан: Трамп ќе го пресече Гордиевиот јазол во Украина, тоа го сакавме

Read more

Авион принудно слета по тепачка на четворица патници

Read more
 

Вести

Орбан: Војната во Украина може да стане Авганистан за ЕУ

Читај повеќе

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија, загинала жена

Читај повеќе

Водовод: Акцијата за отплатата на долговите без камата за скопјани ќе трае до 2 април

Читај повеќе

Airbnb излезе од кризата: Пријави голем скок на приходите

Читај повеќе

Северна Кореја: Америка треба да се откаже од воените закани

Читај повеќе

85 евра дневница за митинзите за поддршка на Вучиќ

Читај повеќе

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Читај повеќе

Велешанка во притвор: Каменувала дете, го удрила со нога во стомакот

Читај повеќе

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Читај повеќе