Мега галерија: Новиот Grand Cherokee од сите агли
Новото издание на адутот на Jeep, кое наскоро ќе се продава низ целиот свет, ќе се нуди во пократка и подолга каросериска верзија (со три реда седишта) и пет пакети опрема, а во согласност со актуелните трендови, Grand Cherokee за првпат ќе донесе електрифициран plug-in и хибридна погонска опција.
Хибридниот GC се крие зад ознаката 4xe, а комбинацијата од дволитарски четирицилиндричен турбо бензинец и два електрични мотори произведува 380 коњски сили и 637 Nm максимален вртежен момент. Капацитетот на батеријата е доволен за да помине 40 километри без да троши бензин, а декларираната просечна потрошувачка е само 4,1 литри на 100 километри.
Повеќе прочитајте ТУКА.